Зошто вљубувањето е особено застрашувачко за силните жени?

Заљубувањето во некоја личност е едно од најпрекрасните животни искуства, но може да биде особено страшно за силните независни жени. 

Zosto-vljubuvanjeto-e-osobeno-zastrasuvacko-za-silnite-zeni-01_copy.jpg

А, eве и зошто:

Се плашите дека ќе се изгубите себеси

Љубовта е заразна и опивачка. Таа е моќна и може да ве привлече кон оној кој ви се допаѓа толку многу, што во процесот може да се изгубите себеси. Силните жени имаат способност да калкулираат и не сакаат да ризикуваат, занемарувајќи ги своите потреби, желби и својот живот.

Стравувате дека нема да имате доволно време за себе

Кога сте во врска, времето наменето за себе се преполовува. Одеднаш, имате нова личност покрај себе, заедно го пополнувате слободното време и треба да го научите вистинското значење на зборот компромис.

Не сакате да зависите од никој друг

Живеете сами, заработувате сами. Понекогаш се двоумите да побарате помош и од сопствените родители, а помошта или поддршката од партнер за вас претставува мисловна именка. Вие сте капетан на сопствениот брод и не сакате да го препуштито кормилото на никој друг.

Се плашите дека сите ваши стравови ќе излезат на виделина

Заљубувањето неминовно носи длабоко запознавање и долги искрени разговори, а преку нив лесно може да се откријат вашите стравови во врска со довербата или стравот од (об)врска.

Страв ви е дека ќе изгледате слабо и кршливо

Вљубувањето во некоја личност за вас симболизира целосно соголување пред него, што автоматски го поистоветувате со ранливост и кршливост во очите на партнерот и пред другите.

Се плашите дека ќе наседнете на машките финти

Едноставно не ви се ризикува да паднете во некоја од тие замки кои вклучуваат галантно однесување, да бидете заведени, разгалени, а подоцна оставени.


Заклучокот е дека љубовта е прекрасна, дури и онаа која понекогаш боли и нè остава со скршено срце.

Љубовта не е перење на мозокот и доколку пронајдете некој близу совршен партнер кој ве разбира вас, вашиот карактер и навики, нема ризик дека ќе се изгубите себеси во процесот.

Вистината е дека љубовта може да ве направи уште посилни и секако, многу посреќни.

Затоа силни девојки и жени, отворете ги очите и срцето, бидејќи ниту една причина сама по себе не е доволно добра за да го пропуштите трамвајот наречен љубов.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава