Зошто силните луѓе влегуваат во комплицирани врски?

Силните личности поминале низ многу во животот и не потпаднале на тешкотиите. Но, затоа пак, привлекуваат луѓе кои бараат многу од нив.

3-pricini-zoshto-silnite-lugje-vleguvaat-vo-komplicirani-vrski-01.jpg

Често и влегуваат во тешки врски, од 3 едноставни причини:

1. Секогаш им помагаат на другите да се ослободат од „багажот“ кој го носат со себе

Секој доаѓа со багаж, со свои проблеми, искуства... тоа е факт на природата. Но, силните индивидуи посебно се соочувале со тешки ситуации во животот и веќе се навикнати на нив. Поминале низ толку многу во животот што веќе соочувањето со проблемите им оди од рака. Сепак, тоа не значи дека треба да очекувате од нив да ви ги решат сите емоционални проблеми.

2. Секогаш дозволуваат да бидат рамо за плачење за другите

Уште една важна работа која мора да се разбере е дека силните личности секогаш ги привлекуваат оние кои имаат потреба да си ја олеснат душата на некој друг, некој со кој ќе можат да поразговараат. Причината за ова е што секогаш знаат да ја кажат вистинската работа и да допрат до срцето на другите. Некој постојано очекува да добива внимание од нив.

3. Многу сродни души во еден живот

Третата причина поради која силните личности влегуваат во тешки ситуации е затоа што многу луѓе ги сметаат како сродни души и тоа знае да ги потроши. Секој сака да верува дека постои само една вистинска личност за него, а силните луѓе често знаат и да ги утнат своите вистински сродни души, бидејќи милион пати претходно слушнале од некоја личност дека за нив се како создадени.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава