Емоционална злоупотреба: 20 знаци кои не смеете да ги игнорирате

Емоционалната злоупотреба е нешто кое ја уништува вашата самодоверба и самопочитување, а во голем број од случаите жените и не се ни свесни дека се предмет на емоционална злоупотреба.

Emocionalna-zloupotreba-20-znaci-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-01

За разлика од физичката злоупотреба која нанесува физичка болка и остава видливи траги, емоционалната злоупотреба е нешто кое никој од надвор не може да го забележи, сè додека жртвата не се реши да проговори за сето она низ кое поминува.

Емоционалната злоупотреба најчесто се користи како начин на контрола, правејќи ја жртвата немоќна, исплашена и со целосно погрешна претстава за себеси.

Доколку забележите некои од следните знаци кај себе, веднаш реагирајте. Не дозволувајте да бидете нечија марионета. Вие сте силна и неверојатна личност и воопшто не треба да се се сомневате во тоа.

1. Партнерот постојано ве понижува пред други луѓе.

2. Партнерот ги критикува вашите постапки заради што имате чувство дека ништо не знаете да наравите како што треба.

3. Постојано ви упатува лоши, несоодветни и омаловажувачки шеги.

4. Сака да контролира сè околу себе, вклучувајќи ги и вашите постапки.

5. Постојано ве потсетува на вашите недостатоци и пропусти.

6. Не ги цени вашите чувства и често ви вели дека не сте во право и дека сте премногу чувствителни.

7. Често негодува за сè што правите.

8. Ви ги скратува изливите на нежност и сексот како форма на казна.

9. Ги омаловажува вашите соништа и достигнувања.

10. Ги споделува вашите приватни моменти и тајни со другите и покрај тоа што вие не се согласувате со тоа.

11. Мисли дека не сте способни да оцените што е најдобро за вас.

12. Ве обвинува за неговите проблеми и нерасположенија.

13. Многу е чувствителен кога ќе наравите шега на негова сметка.

14. Заради него чувствувате вина секогаш кога сакате да се видите со вашите пријатели или да направите било што во кое тој не е вклучен. 

15. Заради него се чувствувате како да не сте доволно добри и како да треба да бидете благодарни што сте во врска со него.

16. Секогаш инсистира дека тој е во право, а вие грешите.

17. Ви наметнува суптилни закани во форма на сугестии дека сака да ви помогне.

18. Постојано се обидува да стапи во контакт со вас кога не сте заедно, обидувајќи се да дознае со кого сте и што правите.

19. Ги контролира вашите финансии, бидејќи на тој начин може да контролира што правите и на што трошите пари.

20. Ве обвинува за работи кои не се точни и постојано морате да ја „докажувате“ вашата љубов кон него.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава