Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 сигнали дека е време да кренете раце од врската

Вљубувањето во некој може да биде прекрасно искуство. Започнувате да го искусувате животот на нов начин и магичната привлечност ве опива.

crveni-znaminja-5-signali-deka-e-vreme-da-krenete-race-od-vrskata-01

Но, откако ќе се стабилизирате во улогата на љубовни партнери, воодушевувањето еден од друг може да не биде доволно и ќе се соочите со предизвикот да работите на проблемите.

За жал, некои парови никогаш не успеваат да научат како да прават компромиси и да растат заедно.

Запомнете, дури и да станува збор за долга врска, никогаш не е доцна да си заминете. Ако само една личност во врската се труди, очигледно работите не одат во вистинската насока.

Еве како да знаете кога е време да дигнете раце од врската:

Не минувате доволно квалитетно време заедно

Вие или партнерот барате задоволство надвор од врската.

Нема ништо погрешно кај двојка што има различни интереси. Всушност, двајца луѓе во врска треба да имаат искуства во кои уживаат како заедно, така и независно еден од друг. Проблемот настанува кога еден од партнерите ќе започне да бара задоволство надвор од врската постојано.

Иако ова може да ви изгледа како незначителен проблем, минувањето на недоволно квалитетно време заедно може да го загрози здравјето на врската на долги патеки.

Потрудете се да направите баланс помеѓу времето што го минувате правејќи го она што го сакате и времето минато со партнерот. Ако чувствувате олеснување кога не сте со него, тогаш треба да размислите за иднината на врската.

Во врската има неверство

Неверствoто е како рана која е невозможно комплетно да заздрави. Може да има прошка и затворање, но штетата од таа акција никогаш нема да исчезне. Ќе остане лузна која секогаш ќе биде доказ за повредата што ви е нанесена.

Неверството често е толкувано како „мамење“ и типично вклучува сексуална врска со трета личност. Но, неверството може да биде и емоционално.

Ако гледате дека барате некој друг за да воспоставите емоционална врска, можеби треба да направите пауза од врската и да размислите што понатаму. Очигледно нешто ви недостасува во врската.

Се чувствувате некомфорно кога сте заедно на социјални настани

Ако на еден од вас или на двајцата ви е видно непријатно кога сте заедно во јавност, тогаш нешто најверојатно не е во ред.

Ова не мора да значи крај на врската, но едноставно постои проблем кој треба да биде лоциран.

Ако еден од вас намерно го избегнува другиот кога сте со семејството и пријателите, тогаш проблемот има подлабоки корени и време е да се зборува за тоа.

Постои злоупотреба

Ако му наштетувате на партнерот намерно, со зборови или дела, тогаш здравјето на вашата врска е загрозено. Доколку партнерот намерно ви нанесува штета, време да си заминете. Во ниту една здрава врска полна со љубов ова не се случува со намера.

Има случаи кога ненамерно ќе ги повредиме оние што ги сакаме најмногу, но ако тоа е свесно и прогресивно подобро е да се стави крај на насилството. Очигледно некој ве злоупотребува.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg