Можете многу подобро: 5 знаци дека сегашниот дечко не ве заслужува

Секој од нас познава барем една особа, која е во љубовна врска со некој што не ја заслужува. Но, иако е мошне лесно да дојдете до таков заклучок, тогаш кога се другите луѓе во прашање, нештата стануваат комплицирани кога треба да размислите за самите себе.

mozhete-mnogu-podobro-5-znаci-deka-segashniot-dechko-ne-ve-zasluzhuva-1.jpg

Но, петте знаци кои несомнено потврдуваат дека дека можете и многу подобро од сегашниот дечко, односно врската во која се наоѓате дефинитивно не е вашиот максимум, се:

1. Ги смалувате своите квалитети

Наместо во секој миг да сте свесни колку вредите, лошото однесување на својот партнер го оправдувате со фактот дека веројатно и не заслужувате подобро, а дека прашање е и кој воопшто би ве сакал освен него.

mozhete-mnogu-podobro-5-znаci-deka-segashniot-dechko-ne-ve-zasluzhuva-2.jpg

2. Ги оправдувате неговите маани

Мааните не мора да бидат пресудни во врската, но ако ги има повеќе од квалитетите, а вие и понатаму се обидувате да ја игнорирате секоја од нив, дефинитивно можете подобро.

3. Чекате да се промени

Секој има фази, но ако вашиот дечко постојано минува низ фази, а вие, пак, постојано чекате да се промени, само се залажувате самите себе.

mozhete-mnogu-podobro-5-znаci-deka-segashniot-dechko-ne-ve-zasluzhuva-3.jpg

4. Се плашите да останете сами

Жените кои се плашат да бидат сами, најчесто остануваат во лоши врски, поради страв од непознатото. А, доколку го правите тоа, прифаќате и работи кои никогаш не би требало да ги прифатите во врска каква заслужувате.

5. Не ги слушате другите луѓе

Пријателките ви рекле дека мислат дека не сте во добра врска, а вие одбивате да ги послушате, оправдувајќи ја притоа секоја лоша работа што ви ја навеле? Доколку сите ве предупредуваат дека можете многу повеќе, верувајте им дека навистина можете.

mozhete-mnogu-podobro-5-znаci-deka-segashniot-dechko-ne-ve-zasluzhuva-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg