5 идеи за состанок кога сте во врска на далечина

Врската на далечина си има свои предности, но и недостатоци, па партнерите мора да остават простор за креативност за да може да ги задржат љубовта и интересот.

5-idei-za-sostanok-koga-ste-vo-vrska-na-dalechina-01.jpg

Иако живеете на различни места, можете да си организирате интересен љубовен состанок, а ние ви предлагаме 5 идеи:

Состанок во кафуле

Одете во некое кафуле каде има бесплатен безжичен интернет и секој нека си го нарача омиленото кафе. Разговарајте на Скајп за тоа како ви поминал денот и за сè она што би го кажале и кога би седеле на истото место.

Испратете си ги омилените рецепти

Испратете си ги по меил омилените рецепти и договорете се секој да го направи рецептот една вечер во неделата. Можете да разговарате и додека готвите и да си давате совети. Не заборавајте да си ставите и чаша вино за повеќе романтика.

Играјте игри

Постојат илјадници интересни игри што може да се играат онлајн. Следниот пат кога ќе разговарате со партнерот на Скајп, одберете некоја игра што и двајцата ве интересира. Додека играте, можете и да јадете пица или да пиете пиво, за вашата „вечер на игри“ да биде целосна.

Испланирајте го одморот

И двајцата сте уморни од напорниот ден, па зошто да не одвоите еден ден од неделата за да си размените идеи за следниот одмор на кој планирате да одите? Праќајте си понуди од туристички агенции, разговарајте кое место би сакале да го посетите, што ќе правите таму и слично.

Вечер за филм

Филмче е секогаш добра идеја за љубовен состанок. Иако не сте физички заедно, можете да го гледате истиот филм во исто време. Не заборавајте пуканки.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава