Како вашата девојка да се чувствува сакано, без да одите во минус на картичката?

Во секоја врска постои момент кога партнерот чувствува многу притисок обидувајќи се да ја натера својата партнерка да се чувствува ценето и сакано. Секој партнер кој сака успешна врска се обидува да ја одржи љубовната искра и нивото на среќа и возбуда како на почетокот на романсата.

20-nacini-da-ja-naterate-vasata-devojka-da-se-cuvstvuva-sakano-01.jpg

Некои мажи веруваат дека со скапите луксузни подароци ќе го „купат“ ова чувство, но дел од нив сакаат да ја покажат романтичната страна на љубовта на малку пообичен начин. Начини за кои не е потребно да отидете во минус на картичката.

Но, токму тоа функционира многу повеќе кај силните жени кои умеат да ги ценат малите гестови.

Всушност, ова се само неколку начини како да ја натерате жената да се чувствува сакана и почитувана во врската, без разлика дали сте заедно 5 месеци или 5 години:

1. Испратете ѝ неколку романтични пораки во текот на денот, без некој специјален повод или причина.

2. Посакајте ѝ среќа и честитајте ѝ од срце пред и по некој важен настан во нејзиниот живот, како дипломирање, вработување или унапредување.

3. Одвојте време во неделата за „специјален романтичен состанок“ во кој ќе си посветите време еден на друг подалеку од мобилните телефони и компјутерите.

4. Секогаш вклучувајте ја во своите планови и консултирајте ја во врска со одлуките кои ги носите.

5. Поканете ја на семеен ручек, родендени и покажете ѝ колку сакате да е дел од вашата фамилија.

6. Згответе домашен оброк со кој ќе ја изненадите. Нејзиното омилено јадење е секогаш одлична идеја.

7. Пронајдете тв-серија која ќе ја гледате заедно и во која подеднакво двајцата ќе уживате, нешто што ќе биде „ваше“.

8. Испратете ѝ цвеќе на работа или на домашната адреса без повод.

9. Кажете ѝ колку многу ви значи во најнеочекуваниот момент.

10. Понекогаш поканете ја на излегување со вашето машко друштво.

11. Споделувајте песни кои ве потсетуваат и ви асоцираат на неа и вашата љубов.

12. Кажете ѝ дека е убава, дури и кога е настината или за време на „оној период од месецот“ од кој секоја жена се ужаснува од болки и непријатност.

13. Смејте се на нејзините лоши шеги, без разлика колку и да се лоши и колку и да е очаен нејзиниот начин на раскажување вицеви.

14. Покажете ѝ или раскажете ѝ зошто некои места од минатото ви се особено важни и што точно ви значеле во детството.

15. Запознајте ја со вашите баба и дедо.

16. Дадете ѝ до знаење дека нема потреба за грижа кога станува збор за вас и вашата љубов и лојалност.

17. Зачинете го сексуалниот живот испробувајќи нови работи со неа.

18. Направете мал фото-албум со вашите најубави заеднички моменти.

19. Играјте си со нејзината коса или галете ја додека гледате филм.

20. Напишете ѝ љубовно писмо на рака, не на компјутер.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg