5 евтини трикови со кои бившите се трудат да останат во вашиот живот

Не е ниту грешка, а ни случајно. Намерно е. Постојат личности кои на секој можен начин настојуваат да им бидат во мислите на своите поранешни партнери, колку и да тие не се расположени за понатамошна комуникација.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-1.jpg

Иако самите посакале да стават точка на љубовната врска, многумина упорно се враќаат во секојдневието на некогашното момче или девојка.

Ќе си заминат, па одново ќе се појават, без разлика на емотивниот статус и негодувањата на спротивната страна во дадениот момент.

Притоа, нивните техники не се симпатични. Напротив. Поради таквото однесување, на другиот му е многу потешко да продолжи понатаму со животот.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-2.jpg

Во споредба со нив, поомилени ни се дури и тие што само ќе исчезнат – без трага и глас.

А, петте евтини начини на кои бившите се трудат да останат во вашиот живот се:

1. „Како си? Што има ново?“

Праќаат пораки како ништо да не се случило.

Некои ликови имаат неверојатна способност за игнорирање на реалната ситуација. Па, на бившите партнери кои ве завлекуваат, нема да им претставува никаков проблем да ви испратат најобична порака, потпрашувајќи за новитетите во вашиот живот. Уште и ќе се чудат ако безобразно им одговорите.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-3.jpg

2. „Среќен роденден!“

Ги користат специјалните пригоди.

Честитањето на роденденот е една од нив. Дури и кога јасно сте им дале до знаење дека веќе сѐ е завршено, нагласувајќи дека не сакате никаков понатамошен контакт со нив, сепак ќе ја искористат секоја посебна прилика да се слушнат со вас. Во голем дел од случаите, целосно ќе ја ви ја расипат приликата со таквата постапка.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-4.jpg

3. „Еј, како се викаше ресторанот каде што бевме еднаш на вечера?“

Ви поставуваат банални прашања.

Притоа, сигурно е дека и самите може да се присетат на одговорите. Меѓутоа, сепак им е помило им е да знаат дека срцето ви затреперило и побргу ви чука, заради нивното повторно појавување во вашиот живот.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-5.jpg

4. „Честитки!“

Ве честат со пофалби на ваша сметка.

Без оглед на тоа дали сте дипломирале, сте напредувале на работното место, или, пак, сте направиле нешто сосема безначајно...Тие ќе го употребат како совршено алиби за одново да комуницираат со вас.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-6.jpg

5. „Извини, по грешка беше!“

„Случајно“ ви се јавуваат или праќаат порака.

Од сите други, токму на вас?! Во прашање е евтина тактика која е толку излитена, што веќе никој не верува во нејзината вистинитост. Но, наспроти сѐ, неретко се користи и понатаму.

5-evtini-nachini-na-koi-bivshite-se-trudat-da-ostanat-vo-vashiot-zhivot-7.jpg

Какво е вашето искуство на оваа тема?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава