Кога да се откажете од него?

Нормално, ако сакате да освоите некој, морате да се потрудите, но постојат и некои знаци кои сигнализираат дека вашиот труд паѓа на неплодно тло...

 

...и дека можеби е време да се откажете.

koga-da-se-otkazete-od-nego

1. Секогаш вие сте иницијатори на контактот

Дали секогаш вие први го барате на телефон, му праќате пораки, му зборувате на скајп и го поздравувате во диско?

Освен ако нема повеќе од 15 години, тогаш за него нема оправдување. 

2. Избегнува физички контакт

Му пречи ако му ја ставите раката на неговото колено, ако му се потпрете на рамо, ако го бакнете или го прегрнете во јавност.

3. Нема конкретни планови

"Ќе видиме што, како ќе биде" не е план. Луѓето моментално имаат премногу зафатени животи и многу обврски, но ако секогаш сте му само план Б и ве бара во последен миг, тоа дефинитивно не е добар сигнал.

4. Се дружите само во спалната соба

Ако сте со некој во врска, но цело заедничко време го поминувате само во кревет, големи се шансите дека вашата врска никогаш нема да излезе од спалната соба.

5. Ви вели дека не му пречи што се гледате со други

Ако на некое момче не му пречи тоа што вие се гледате со други, веројатно не би му пречело ни да престанете да се гледате.

6. Се гледа со некоја друга

Ако има девојка, жена или било каква друга сериозна врска, тоа нешто кажува. Дури и ако ви ветил дека ќе ја остави поради вас, запрашајте се дали навистина сакате таков маж покрај себе?

7. Често ве изневерува

Сте направиле планови, но тој ви ги откажува во последен миг или едноставно не се појавува. Некогаш е полесно да го оправдате отколку да си ги признаете фактите, но ако си признаете полесно ќе продолжите понатаму, бидејќи вашата врска не може да напредува.

Дали е тоа воопшто врска!?

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg