Зошто некои жени сакаат брак, но не и свадба?

Мислењето е дека некои жени се алергични на брак е само обична заблуда. Вистината е дека многу жени навистина сакаат да ја официјализираат својата врска пред законот или пред Бога.

Zosto-nekoi-sakaat-brak-no-ne-i-svadba-01.jpg

Сепак, постои нешто кое вистински ги спречува и ги одвраќа од оваа желба – свадбената прослава.

Спротивно на популарното мислење, не секоја жена сонува да се најде во бело пред човекот што го сака и уште 300 други лица, да врти оро и да фрла бидермаер.

Зошто некои жени сакаат да стапат во брак, но радо би го одбегнале моментот свадба?

Мразат да се во центарот на вниманието

На свадбата, нормално, сите погледи се насочени кон невестата. Каков ѝ беше фустанот? А фризурата и шминката? Беше ли весела, играше ли со гостите? А со младоженецот?

Некои жени едноставно не сакаат да се во центарот на вниманието и го мразат притисокот кој го создава свадбата.

Вечниот проблем со канењето гости

Вие сакате помала, поинтимна свадба, вашите родители запнале да викнат 250 луѓе, бидејќи апсолутно мора да се возврати со покана на сите луѓе кај кои тие присуствувале на ваков тип веселба.

Од вас се очекува да ги повикате сите роднини, дури и оние кои не ги познавате најдобро, не сте воопшто блиски или не ви се по ќејф.

Правењето списоци е една од најстресните работи поврзани со свадбите и некои жени радо би го избегнале метежот.

Не сакаат да позираат на групни фотографии

Можеби ви звучи смешно, но еден од најисцрпувачките моменти на свадбата е поздравувањето и позирањето со секој од гостите коишто пристигнуваат.

Воедно, не секој ги сака тие наместени пози, во кои мора да ја развлечете највеселата насмевка до која сигурно не ви е дојдено после така напорен и стресен ден.

Сите имаат мислења во врска со сè

Родителите на момчето имаат мислење за храната, родителите на невестата за музиката. Другарките на невестата, роднините, пријателите, колегите, па дури и соседите – сите имаат да дадат по некое мислење за тоа како треба да изгледа една свадба.

Некој едноставно не сака да ги слуша овие непотребни туѓи коментари. Нема свадба = нема коментари.

Секогаш ќе има некој незадоволен

Колку и да сакате да им угодите на сите кога правите свадба–тоа е просто невозможно. Секогаш ќе се најде некој навреден или незадоволен, дали од изборот на пијалаци или храната, дали поради музиката или пак на која маса е седнат.

Најлошо е кога најнезадоволна е невестата, бидејќи сепак тоа е нејзин ден. Па зошто тогаш би го трпела сето тоа мачење ако крајниот резултат е незадоволство и нервоза?

Повеќе ќе се грижат како си поминуваат другите, отколку тие самите

Секоја невеста вика дека најважно е како ќе си помине таа, но длабоко во себе секоја во одредена мера се грижи како си поминуваат гостите. Притисокот да им угодите на сите и да си поминат убаво е прилично голем и не секој сака да се соочи со него.

Повеќе сакаат да ги потрошат парите на нешто убаво и практично

Уредување на домот. Патување за кое одамна сонувате. Нов автомобил. Листата на потреби е практично бескрајна на што може да ги потрошите парите кои се наменети за свадбената прослава.

Некои жени се попрагматични од другите и не сакаат да трошат куп пари на еден ден кој не им значи скоро ништо и радо би инвестирале во нешто попрактично.


За крај, не велиме дека да се скокне свадбата е правилно или погрешно. Впрочем, прашање на вкус е, како и на личен избор. Најважна пред сè останато е љубовта, лојалноста и довербата во бракот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg