Колку пати во седмицата е идеално да се гледаат новите парови?

Запознавте нова девојка/момче и сега 24/7 сте со неа/него? Време е да забавите малку!

novite-parovi-treba-da-se-gledaat-samo-odreden-broj-na-pati-vo-sedmicata-01.jpg

Кога ќе започнете да се состанувате со некој нов, во искушение сте да ја минувате секоја секунда од денот со него, а ако не сте со него, тогаш телефонот ви е како залепен за раката.

Но, според експертите новите двојки треба да го смират ентузијазмот и да се гледаат само 2 пати во текот на седмицата.

„Важно е да се задржите на правилото за гледање 2 пати во седмицата за да имате доволно време на страна од вашиот нов љубовен партнер и да им дозволите на најдлабоките чувства да излезат од потсвеста. Овие чувства се важни затоа што ќе ви помогнат да ги видите потенцијалните проблеми со новиот партнер“, тврди психијатарот Скот Керол.

Гледањето секој ден ќе ви ги интензивира чувствата и вие ќе бидете заслепени и нема да го забележите потенцијалниот ризик од сервирање на емоциите прерано. Не треба да брзате со работите.

Иако, некои парови на почетокот може да ја минуваат заедно секоја ноќ и да им биде забавно и да функционираат одлично, тоа не значи дека таа формула ќе продолжи на ист начин и ќе резултира со долга и сериозна врска.

Проблемот на динамиката е што гледањето пречесто ќе креира илузија на интимност и зависност еден од друг, иако за вистински да запознаете некого ви се потребни месеци, па и години.

Но, секој пар е различен, па вие одлучете самите што е оптимално за вас.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава