Јас не сум за тебе, ти не си за мене

Колку пати се обидов да најдам причина, да те оправдам, да се излажам и прегазам себеси дека нешто би се сменило. Колку пати ги негирав чекорите кои беа јасни дека водат далеку од тебе.

jas-ne-sum-za-tebe-ti-ne-si-za-mene-01.jpg

Колку пати намерно избегнав збогум, само за да бидам оној кој нема да те повреди, притоа распарувајќи го моето срце.

Колку пати ја лажиравме рутината наречена љубов и заборавивме дека тоа нè убива секојдневно, лажејќи се дека нештата ќе бидат подобри. Никогаш не стана подобро.

Овој тресок на вратата и скршените стакла низ собата се само доказ дека единствено нешто што не врзува е овој прстен на раката. Во оваа куќа веќе нема дом. Сè што градевме како експресно да пропадна, а јас немам разумно објаснение.

Малку е смешно знам, како е можно да се впуштивме во нешто непознато толку сигурни. Дали бевме премлади, што знаат децата за животот?

Немам намера да кажам лоши зборови за тебе, сепак беше дел од мојата историја и сите тие убави моменти. Знам луѓето ќе речат срамота е. Јас би рекол ништо не е погрешно сè додека се водиш од емоциите во моментот.

Потпишавме од љубов, ќе потпишеме одново заради недоразбирањата. Најдобро е секој да ја бара среќата во овој живот креирана од неговите замисли. Што има тука погрешно?

Очекувам драма, луѓето се склони кон драма, особено за вакви работи. Но што ми е грижа, кој е најважен во оваа приказна?

Секогаш ќе се присетам на вчера и местото каде што се љубевме, но зошто да продолжиме да боиме слика која има само сиви тонови? Знам дека и ти ја чувствуваш оваа празнина во душата и отсуството на топлина помеѓу нашите голи тела.

Како ова да е нешто што сме принудени да го повторуваме секогаш кога ќе видиме дека не оди. Како да даваме вештачко дишење на мртовец кој нема пулс. Залудно е.

Небото ќе се наоблачи, следува тежок период, знам тешко е да кажеш збогум. Отсекогаш било најтешкиот дел во животот, без разлика со кого се збогуваш.

Сметам дека е време да ја пуштиш мојата рака, веќе не остана сила за борба. Така е подобро за двајцата.

Нашата приказна завршува тука, видовме колку погрешивме. Ти не си за мене, јас не сум за тебе. Колку и да болат тие зборови, после сè што поминавме заедно, таа е суровата вистина со која ќе мора да се соочиме.

Знам дека ќе ме опцуеш многу пати, знам дека ќе ме проколнеш и ќе кажеш дека јас сум виновник за уништувањето на твојот живот. Само да појаснам, тука не бараме светци, тука нема виновници.

Тука се работи за животот кој треба да се живее до максимум.

Можеш да ме мразиш, тоа не можам да ти го забранам. Но сметам дека е фер да бидам искрен кон тебе и да ти кажам дека нас, како да не избриша времето. Си одам со чист образ.

Сега сè нека започне одново, ден по ден ќе учиме, ден по ден ќе се навикнуваме.

Ќе се сретнеме некогаш одново, знам дека ќе имаш насмевка на твоето лице и јас ќе држам некоја друга за раката. Двајцата ќе сме среќни и тогаш можеби ќе се заблагодариме за она што го научивме еден од друг.

Ќе ја нема омразата, можеби и погледите само ќе ни се разминат, со огромна доза на одобрување.

Никогаш нема да се покаам, бидејќи го чувствуваш и ти, го чувствувам и јас. Ова не е тоа што луѓето го нарекуваат хармонија. Ни требаше многу да сфатиме, но таа е вистината, ние не сме еден за друг.

Оди и живеј го животот, јас ќе го живеам својот. Ти ветувам ќе помине бурата и ќе сфатиш колку правилно изигравме, како и секогаш, разумно и футуристички за да си обезбедиме една иднина на која ќе се гордееме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg