Мора да изгледа на одреден начин: 9 митови за вагината

Постојат многу верувања околу вагината кои дефинитивно не се точни. Време е да се стави крај на тоа.

mora-da-izgleda-na-odreden-nachin-9-mitovi-za-vaginata-01.jpg

Уште од тајните разговори со другарките во средношколските денови, па до некои чудни информации од мажи, постојат многу митови за женскиот полов орган.

Кои се најголемите митови за вагината?

Мит 1: Ве прави слаби.

Сигурно многу пати досега од многу мажи сте се покажале и поинтелигентни и подобро образовани и во подобра физичка форма, така што митот за родовата нееднаквост многу одамна е заминат во историјата.

Мит 2: Единствената намена и е да излезе бебето оттаму.

Уште пред да дознаеме што е секс, веќе знаеме дека бебињата излегуваат од вагината, но тоа не значи дека секој што има вагина сака да има и бебе.

Мит 3: Мириса непријатно.

Секоја вагина има свој природен мирис, кој е нормален. Во случај мирисот да стане непријатен, тоа е симптом за некоја вагинална инфекција. Посетете доктор.

mora-da-izgleda-na-odreden-nachin-9-mitovi-za-vaginata-04.png

Мит 4: Ве прави помалку способни за работа.

Воопшто не влијае на квалитетот на вашата работа, дури може да има и позитивен ефект и да ве направи подобар работник затоа што чувствувате дека треба да работите двојно повеќе од мажите за да се докажете во одредени ситуации.

Мит 5: Крвави многу кога имате секс за првпат.

Некои крвават, некои не. Тоа се случува поради растегнување и кинење на хименот, но тоа кинење можете да го доживеете и во детството случајно при возење на велосипед на пример.

mora-da-izgleda-na-odreden-nachin-9-mitovi-za-vaginata-02.png

Мит 6: Боли многу кога првпат имате секс.

Кога хименот се кине може да се појави мала болка, но тоа не значи дека е некаква неподнослива болка и вистински хорор филм, како што многу девојки веруваат во тинејџерските денови.

Најголем причинител на болката при првиот сексуален однос е сувоста на вагината, која се должи на тоа што сте под голем стрес.

Мит 7: Никогаш не ѝ е потребна помош за да се навлажни.

Не е точно. Лубрикантот е пријател на секоја жена и слободно можете да го користите често.

Потребата од лубрикант не значи дека имате ниско либидо и не сте возбудени, само од време навреме потребна ви е мала помош за подмачкување на работите.

mora-da-izgleda-na-odreden-nachin-9-mitovi-za-vaginata-05.jpg

Мит 8: Вагината е клучот на сите оргазми.

Вагиналните оргазми се постигнуваат многу потешко. Но, во клиторисот има повеќе нервни завршетоци. Тој е многу чувствителен и е клучот на поголемиот дел од оргазмите.

Мит 9: Вагината треба да изгледа на одреден начин.

Полесно е да пронајдете две снегулки што изгледаат идентично, отколку две вагини што изгледаат исто.

Од тонот на кожата, до обликот на усните и големината, вагината е навистина комплексна и кај секоја жена изгледа поинаку. Најважно е да е здрава.

mora-da-izgleda-na-odreden-nachin-9-mitovi-za-vaginata-03.png

Прочитајте ги и 7-те најголеми митови за сексот!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg