5 предупредувачки знаци дека сте во врска со насилник

Доколку рано ги препознаете, можеби навреме ќе побегнете од таквиот однос. Во спротивно – може да биде предоцна.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-1.png

Зошто има луѓе кои остануваат покрај насилните партнери? Ова е едно од најчесто поставуваните прашања. Одговорите се многубројни и честопати мошне комплексни. Меѓутоа, наместо на тоа, овојпат одговараме на едно малку поинакво прашање.

Како да препознаете дали и вашата врска може да стане насилна? Постојат неколку рани симптоми, коишто укажуваат на таков исход.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-2.jpg

Колку побрзо ги забележите, толку полесно ќе ги избегнете неконтролираните изливи на бес, или, пак, дури и физичките напади од втората половина.

А, петте предупредувачки знаци дека сте во врска со насилник се следните:

1. Претерана потреба за контрола

Можеби на почетокот делува како љубов, но прекумерната контрола многу брзо прераснува во проблем. Се разбира, доколку сте спремни да го воочите.

Партнерот кој постојано сака да знае каде сте, со кого и кога сте си дошле дома, а згора сè има потреба и да ви забранува одредени работи – не е заљубен. Тој е опседнат со вас и не може да поднесе кога не сте со него на подолго време.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-3.jpg

2. Постојано омаловажување

Навидум ќе започне како симпатичнo подбуцнување и биење шеги на ваша сметка. Но, кога со тек на време сè повеќе и сè посериозно ќе ви ги плеска во лице сите можни маани и недостатоци, јасно ќе ви стане дека си имате работа со типичен психички насилник. Притоа, вербалната за час може да се преобрази и во физичка шлаканица.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-4.jpg

3. Екстремна љубомора

Љубомората умее да биде слатка на моменти. Меѓутоа, таа може да е и првиот знак за сериозен проблем во врската.

Доколку партнерот е болно љубоморен на пријателите со кои се гледате, посесивен е и има испади поради облеката што ја носите, нештата се движат во лош правец. Штом ќе одбиете да играте по негови правила, насилното однесување е сè поизвесна закана.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-5.jpg

4. Навредување

Среде жестоки расправии и препирки, секому од уста ќе му излета и по некој непримерен збор.

Сепак, ако на партнерот му е навика секојдневно да ве „чести“ со пцовки, или, пак, да ве нарекува со погрдни имиња при секоја комуникација, само прашање на време е кога навредите веќе нема да му бидат доволни.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-6.jpg

6. Изолирање

Ова е класичен начин на кој насилниците манипулираат со својата жртва. Ќе ја убедат дека таа е проблемот, дека сите околу неа се поинакви и дека треба да се срами поради сопственото однесување.

А, кога еднаш ќе ве скрши, поголеми се шансите дека нема да имате храброст некому да се обратите за помош.

5-predupreduvachki-znaci-deka-ste-vo-vrska-so-nasilnik-7.jpg

Не молчете. Не голтајте кнедли. Не убедувајте се себеси дека ќе го промените. Не лажете ги другите дека во прашање е љубов. Не го заслужувате тоа.

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg