25 сигурни знаци дека сте ја пронашле љубовта на вашиот живот

Вистината е дека доколку сте ја пронашле љубовта на вашиот живот, нема да ви биде потребна никаква листа со знаци за да бидете сигурни во тоа. Вашето срце силно ќе „вреска“ дека „тој е вистинскиот!“

25-sigurni-znaci-deka-ste-ja-pronasle-ljubovta-na-svojot-zivot-01.jpg

Ќе го чувствувате тоа со секој земен здив, со секое отчукување на срцето, со секоја клетка од своето битие.

Но, понекогаш е добро да бидете сигурни околу ваквите одлучувачки животни избори.

Па, како ќе препознаете дека сте ја пронашле вашата сродна душа и љубовта на својот живот?

 1. Ве поддржува вас и вашите соништа.

 2. Внимателно ве слуша и обрнува внимание додека зборувате.

 3. Тимски носите заеднички одлуки по претходни консултации и разговори.

 4. Имате доверба еден во друг.

 5. Се чувствувате позрело поради него.

 6. Се чувствувате убаво и посакувано кога тој ве гледа, дури и кога косата не ви е посебно средена.

 7. Никогаш не ве потценува и омаловажува, особено пред други луѓе.

 8. Можете да бидете еден покрај друг во пријатна тишина.

 9. Помислувате прво на него кога се случува нешто интересно и возбудливо.

10. Среќни сте и чувствувате мир покрај него.

11. Искрени сте еден кон друг, дури и кога се работи за вашите маани.

12. Тој е вашиот љубовник, но и вашиот најдобар пријател.

13. Вие сте одличен пар, и покрај вашите различни карактери.

14. Се чувствувате свои покрај него.

15. Имате чувство дека може да направите сè што ќе посакате со него на ваша страна.

16. Не чувствувате потреба дека треба да промените нешто кај него.

17. Тој ве инспирира да бидете најдобрата верзија од себеси.

18. Се почитувате еден со друг.

19. Знаете добро да комуницирате.

20. Вашите животни цели и планови се многу слични.

21. И двајцата умеете да направите компромис.

22. Вредностите кои ги цените во животот ви се поклопуваат.

23. Се интересирате за нештата кои нему му се важни и обратно.

24. Се сакате безусловно.

25. Без никаков сомнеж знаете дека сте го пронашле вистинскиот човек за вас.

Во колку од знаците го препознавте вашиот партнер?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg