13 работи кои секоја жена треба да ги прави за да има врска која ќе трае засекогаш

Почетокот е забавен и авантуристички во речиси секоја врска, но по одреден период, доаѓа момент кога треба да одлучите.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-01.jpg

Според она што сте го поминале до тој момент и тоа што сте го дознале еден за друг, време е да одредите дали таа врска има потенцијал да биде долга, или треба да заврши како кратка авантура.

Доколку се одлучите за сериозна врска, трудот не застанува тука. Треба да се вложите максимално за да направите таа врска да трае засекогаш и да ја одржувате.

Па девојки, доколку сакате да проверите дали сте на добар пат, следниве работи не треба да заборавите да ги правите:

1. Мора да комуницирате, а не да ги потиснувате емоциите, но и да го слушате партнерот. Сконцентрирајте се на неговите зборови, разберете ги и ако треба повторете ги за да проверите дали ја сфаќате суштината.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-02.jpg

2. Поддржувајте ги неговите соништа, независно колку сте незаинтересирани вие за истите.

3. Понекогаш е добро да поминете некое време одвоено. Дајте си простор, бидејќи не е правилно постојано да сте „залепени“ каде и да одите – тоа може да ви создаде одбивност.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-03.jpg

4. Грижата за себе е клучна и без разлика што сте во врска, никогаш не треба да се запоставите себеси и вашите лични потреби.

5. Одлично е да имате заеднички пријатели, но нема ништо подобро од тоа да имате и само ваши пријатели кои ќе бидат покрај вас во секој момент кога ќе ви треба совет или забава.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-04.jpg

6. Зближете се, бидете интимни, но не само сексуално, туку впуштете се во длабоки разговори и поврзете се.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-05.jpg

7. Секогаш трудете се да му дадете јасно до знаење што сакате, независно дали тоа е малку време за себе, или повеќе време поминато заедно, поддршка или пак помош.

8. Важно е да имате заеднички интереси и работи кои ќе ги правите заедно, а ако немате, обидете се да најдете нешто и да направите компромис.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-06.jpg

9. Неопходно е и двајцата да имате исти цели за во иднина кога станува збор за врската и нејзината долгорочност – во спротивно, некој ќе претрпи жртви.

10. Оставете ја гордоста настрана и научете да постигнувате компромис, бидејќи ако терате само по свое, тогаш зошто сте двајца?

11. Искреноста е најдобриот начин за одржување на врската, бидејќи таа не смее да се гради врз база на лаги.

13-raboti-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-napravi-za-da-ima-vrska-koja-kje-trae-zasekogash-07.jpg

12. Ако немате доверба еден во друг, немате ниту иднина, па потрудете се да ја зголемувате меѓусебната доверба и да ја одржувате засекогаш.

13. Никогаш не заборавајте дека не треба да паднете во монотонија и секогаш најдете начин да излегувате на љубовни состаноци, без разлика какви – важно да ви биде забавно еден со друг.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg