(По)кажи ѝ дека ја сакаш

Живееме во време во кое е реткост да се најде идеалниот/та партнер/ка. Сѐ повеќе и повеќе сме сведоци на неистрајни врски, и непружање доволно љубов. За кавга се потребни двајца, меѓутоа многу е важно да разбереме дека истото важи и за вистинската љубов.

po-kazhi-i-deka-ja-sakash-001.jpg

Во продолжение следат неколку совети (од машки аспект) за тоа како да ви успее врската.

Кажи ѝ дека ја сакаш Многу често се случува една врска да не успее поради недоволната комуникација. Ништо не боли да ѝ кажеш како се чувствуваш. Ништо не боли да ѝ кажеш дека ја сакаш. Ако навистина го мислиш тоа, тогаш мора да ѝ кажеш!

Кажувај ѝ го тоа секој ден. Кажувај ѝ го тоа од срце.


Покажи ѝ дека ја сакаш
Делата се погласни од зборовите. Секој човек сака да биде сакан. Клучот до нејзиното срце е во малите нешта. Во оние мали гестови кои значат многу. Искористи ги своите знаења и вештини за да ѝ покажеш дека ти е сѐ.

Изненади ја со омиленото цвеќе. ЗАПОМНИ ГО ДАТУМОТ НА ГОДИШНИНАТА! Изненади ја со ситно подароче. Купи ѝ чоколадо кога е во ПМС. Ризикувај да ти се смеат другарите и кажи и дека ја сакаш додека зборувате на телефон. Биди свој. Слушај ја, и разбирај ја. Ако те бива, отпеј ѝ песна. Ако си вешт со зборови, напиши ѝ поема. Ако црташ, посвети ѝ слика.

Не е бадијала тоа што викаат дека среќата е во малите нешта.


Биди маж!
- Кога велам биди маж, не мислам на она балканско „мачо-мен“ биднување муж да облечеш бела рамбовка, да возиш кола со лактот надвор од прозор, или да ја праќаш во кујна пред другарите... Има друг збор за тоа, а не е „маж“.

Кога ќе кажам „биди маж“ мислам на тоа да бидеш каваљер. Да ја почитуваш и да ја цениш. Запомни дека е чудо што сте се нашле, и дека си среќен што ја имаш. Покажи ѝ колку вреди. Гушни ја така што ќе се почувствува заштитена. Бакни ја така што ќе заборави на сѐ. Ништо не боли да бидеш романтичен.

Љубовта не познава его, и треба да го заборавиш. За да успеете, треба да сте пред сѐ најдобри пријатели, најверни другари, па потоа партнери. Извинувај се! Правиот маж знае кога згрешил и знае да се извини за тоа. Нема да си „фраер“ ако не признаеш дека си погрешил. Нема ништо по фраерско од човек што знае да се „прибере“ и да си ги признае грешките.

Ако те зафркаваат другарите, не се секирај, ќе им помине. Ќе заборават на сѐ кога ќе ти играат на свадба. За нив можеби ќе си папучар, но за неа ќе си сѐ на светот, а нема ништо поубаво од тоа.

 еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg