Заеднички живот: да или не?

zaednicki-zivot-da-ili-ne-povekjeВашата врска стигна до тоа ниво кога се одлучувате да живеете заедно. Првата помисла во главата ви е сцена на секојдневен утрински секс, вкусни вечери...

 

...заедничко туширање, маратонски секс за време на викендот, дружење со заеднички пријатели.

Што би било подобро од ова?

Но, пред да се одлучите на овој важен чекор, добро размислете. Затоа што заедничкиот живот и не е така едноставен.

zaednicki-zivot-da-ili-ne-1

1. Вашата врска ќе се промени. Ова немојте да го сфатите негативно. Но, заедничкиот живот го менува односот (и помеѓу партнери, и ако живеете со пријател – и со пријатели).

За врската да се промени на позитивно, мора да бидете отворени за компромиси. Не можете да очекувате само таа да е одговорна за домаќинските работи.

Со добар компромис заедничкиот стан може само да ја зацврсти вашата врска.

2. Сексот ќе се промени. На почетокот најверојатно ќе бидете воодушевени што живеете заедно и секоја вечер можете да спиете во ист кревет.

Тоа ќе се одрази и на вашиот сексуален живот. Но, немојте да очекувате секс секој ден.

Едноставно, интимноста се претвора во нешто повеќе и тоа што немате односи секој ден не значи дека врската ви оди надолу.

А, рака на срце, и кога не сте живееле заедно, сигурно не сте имале секс 7 дена во неделата.

3. Мажот треба да биде џентлмен и кога е чистење во прашање. Како ќе ги поделите заедничките работи во станот зависи од вас. Помагајте си еден на друг.

zaednicki-zivot-da-ili-ne-24. Љубовта понекогаш знае да биде напора. Да се живее со некого значи да ги запознаете сите негови слатки, но и напорни секојдневни навики.

При тоа многу е важно искрено и отворено да разговарате меѓусебно. Ако неа ја иритираат расфрлените алишта на подот, променете ги навиките.

Исто така, без да се напаѓате отворено споделете се што ве иритира еден кај друг. Не можеме да знаеме што е тоа што ги нервира луѓето околу нас без да ни кажат.

5. Заеднички финансии. На почетокот ќе имате проблем со регулирање на сите сметки, но со тек на време ќе сфатите на што трошите. Одредете заеднички буџет за сметки, кирија и храна, а останатите делете си ги како и до сега.

6. Нема бегање. Претходно, кога и да сте се скарале, секој спиел во свој кревет и ја голтал својата лутина. Кога живеете заедно тоа за жал е невозможно. Научете да се расправате конструктивно во заедничките четири ѕида.

7. Излегувајте. Многу парови по вселувањето ги губат своите стари навики – кино, концерти, забави и сл.

Веројатно на почетокот ќе ви биде интересно да уживате во новиот дом, но ќе дојде време кога ќе ви биде потребна забава за да не навлезете во досаден ритам.

Ако имате искуство би ни било драго да го споделите со нас!

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg