Љубовта не е доволна: 10 лекции кои ќе ги научите кога конечно ќе бидете во добра врска

Ќе сфатите дека состаноците, милувањата до доцна во ноќта и романтичните изненадувања се слатки, но најважна е посветеноста и подготвеноста заедно да ги надминете препреките.

ljubovta-ne-e-dovolna-12-lekcii-koi-kje-gi-nauchite-koga-konechno-kje-bidete-vo-dobra-vrska-01.jpg

Некои луѓе стапуваат во врски само затоа што се плашат од осаменоста, додека други не се смируваат сè додека не пронајдат некој во кој вистински ќе се вљубат.

Но, зошто некои врски се болни и краткорочни, а други прекрасни и долгорочни? Што всушност ја прави врската добра?

Ако веќе сте биле во добра врска, тогаш знаете што значи вистинска љубов.

Најважните лекции што ќе ги научите од добра врска:

- Ако некој навистина ве сака и сака да биде со вас, тогаш ќе биде со вас и нема да дозволи ништо и никој да застане на патот на вашата среќа.

- Ако некој се грижи за вас, тогаш никогаш нема да ве доведе во ситуација да се прашувате за неговите чувства и да бидете несигурни.

- Ќе сфатите дека состаноците, милувањата до доцна во ноќта и романтичните изненадувања се слатки, но најважна е посветеноста и подготвеноста заедно да ги надминете препреките.

- Ќе сфатите дека за опстанокот на секоја значајна врска не е доволна само љубовта, туку потребни се и трпение, разбирање, почит, компромиси и жртви.

- Љубовта нема да ви изгледа како што мислевте дека изгледа идеалната љубов, но ќе ве научи како изгледа вистинската љубов.

ljubovta-ne-e-dovolna-12-lekcii-koi-kje-gi-nauchite-koga-konechno-kje-bidete-vo-dobra-vrska-02.jpg

- Нема секогаш да знаете од првиот миг дека некој ви е суден за до крајот на животот, понекогаш потребно е да пребродите многу предизвици заедно.

- Нема да имате потреба да се преправате дека сте нешто што не сте, само за да импресионирате некого, ќе бидете самоуверени и свесни дека сте прекрасни такви какви што сте.

- Ќе сфатите дека минувањето неколку денови разделни нема да направи да се сомневате во врската и љубовта кон партнерот.

- Ќе видите дека кавгите понекогаш не одделуваат, туку зближуваат и ја зајакнуваат врската.

- Кога има љубов нема да се откажувате еден од друг без борба и ќе дадете сè од себе за да ги решите проблемите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава