„Го оставив сопругот поради љубовникот. Тоа ми беше ужасна грешка.“

Вреди ли да се откажете од она кое со години го имате градено, во замена за пар месеци возбуда и страст?

go-ostaviv-soprugot-poradi-ljubovnikot-toa-mi-beshe-uzhasna-greshka-1.png

Кога оваа млада жена ставила точка на бракот, воопшто не се колебала за одлуката. Веднаш го напуштила сопругот за да остане во прегратките на љубовникот. Меѓутоа, не можела ни да замисли какво разочарување ја очекува во иднина.

„Се впуштив во авантура со еден тип што го запознав во теретана. Граден е како спортист и навистина добро изгледа. Јас имам 32, а маж ми 36 години. Бевме шест години заедно. Одеднаш ми стана јасно дека се заљубувам во љубовникот.

Се чувствував ужасно поради неверството, па одлучив да го завршам нашиот брак. На сопругот му го скршив срцето. Сепак, по разводот и тој си пронајде нова партнерка. Јас, пак, петнаесет месеци бев во среќна врска со саканиот. Имавме близок и прекрасен однос, а сексот ни беше совршен.

Ми пречеше единствено што ме крие од своето семејство, иако ме запозна со другарите. Мојата фамилија и пријатели знаеја сѐ за него. Како што минуваше времето, почнавме да кроиме планови за иднината. Разговараме за заеднички живот. Бев воодушевена и лудо вљубена во него.

Се осеќав како на меден месец кога првпат отидовме сами на одмор. Престојувавме во хотел среде селска идила. По враќањето ме остави пред зграда и си замина дома. Тогаш последен пат го видов.

Следниот ден ми се јави неговата „бивша“ девојка. Никогаш не раскинале. Иако живееше сам, тие и понатаму се гледале. Ова целосно ме скрши. Се обидов да го побарам – ама безуспешно. Го беше променил бројот, дал отказ на работа и се отселил од станот.

На заедничките пријатели им вели дека нема девојка, но знам дека уште се заедно. Не можам да продолжам со животот. Сакам да ми се врати. Можеби треба да го почекам, надевајќи се дека нивната врска нема да потрае?

Имам чувство дека не е крај додека тоа не ми го каже во лице. Не сме разговарале шест месеци. Ќе полудам.“

go-ostaviv-soprugot-poradi-ljubovnikot-toa-mi-beshe-uzhasna-greshka-2.png

Ова се зборовите на девојката, чијашто интимна исповед ја објави порталот The Sun. Психотерапевтката и колумнистка, која им одговара на читателите под псевдонимот „Deidre“, пак, ја предупреди дека веројатно никогаш повеќе нема да се видат.

„Ти верувам. Чекањето да се појави е безнадежна ситуација. Тоа што криел дел од приватноста, особено пред семејството, воопшто не е добар знак.

Те измамил. Како би можела пак да му веруваш? Одбрал кукавички начин да побегне. Само исчезнал. Се плашам дека никогаш нема се најдете лице во лице.

Знаеш и самата дека е готово. Прифати го ова и продолжи со животот. Подобро ти е без кукавици и прељубници.

Поради него немаш шанса да запознаеш маж што ќе ти се предаде 100%.“

go-ostaviv-soprugot-poradi-ljubovnikot-toa-mi-beshe-uzhasna-greshka-3.png

М. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg