Машки грешки кои жените не ги толерираат во кревет

На секого може да му се поткрадне грешка во текот на интимните мигови. Сепак, кога повремените пропусти ќе прераснат во правило – задоволството исчезнува. 

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-1.png

Припадничките на понежниот пол не ги простуваат таквите грешки. Напротив. Дел од нив искрено проговореа на оваа тема, откривајќи кои постапки на партнерот не ги поднесуваат во сексот.

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-2.jpg

Па, момци – доколку не сакате да добиете црвен картон од саканата – внимавајте што правите или зборувате во постелата. Ова се машките грешки кои жените не ги толерираат во кревет:

Погрешно име

„Поранешниот дечко повеќепати во кревет ме нарече по името на неговата бивша девојка. Може да претпоставите како изреагирав! Не дека е прифатливо и во други ситуации, ама да го направиш тоа за време на секс е навистина непростливо.“

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-3.jpg

Прескокнување предигра

„Не ми се верува дека уште постојат мажи на кои не им е јасно дека добрата предигра е услов за добар секс. Не ми се допаѓа јас да бидам таа што ќе мора него да го тера, само затоа што не му е по волја да вложи петнаесетина минути од своето време за бакнување и милување.“ 

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-4.jpg

Порно сцени

„Многупати сум посакала да запрам сѐ и да викнам: „Ало, дечко, па не сме во порно филм!“. Веројатно мажите мислат дека она што го гледаат во нив, може да го применат на сите жени. И, уште не сфаќаат дека секоја девојка се пали на различни нешта.“ 

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-5.jpg

Себичност

„Најлошо ми е кога постојано се очекува јас да ја завршам сета работа. Немам ништо против некогаш повеќе да му се посветам на партнерот, или, пак, тој на мене. Ама, нормално ми е следниот пат улогите да бидат заменети.“ 

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-6.jpeg

Краток секс

„Секогаш сум за секс набрзина, доколку и двајцата уживаме во него. Меѓутоа, краткиот однос исклучиво за негово задоволство, никогаш и никако не ми одговара.“ 

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-7.jpg

Одбивање кондоми

„Ако нема кондом, нема ни секс. Без дискусија. Кога бев млада и луда се наслушав филозофирања зошто не ни е потребна заштита. Сега тоа не доаѓа предвид.“

mashki-greshki-koi-zhenite-ne-gi-toleriraat-vo-krevet-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg