Како самите не си дозволувате да ја преболите поранешната љубов?

Додека да ја пронајдете вистинската личност која е вредна за вашата љубов, сигурно ќе имате неколку пропаднати врски.

kako-samite-ne-si-dozvoluvate-da-ja-prebolite-poraneshnata-ljubov-01.jpg

По раскинувањето, во прв момент ќе ви се чини дека никако не можете да продолжите со животот. По само 11 недели веќе ќе знаете дека го преживеавте најтешкото, а по најмногу 18 месеци целосно ќе преболите.

Доколку тоа не се случи, можно е самите да се спречувате во процесот на преболување. Дури ниту траењето на врската не е толку голем фактор во преболувањето, колку што е вашиот став околу тоа.

Прочитајте како самите го саботирате своето закрепнување од раскинувањето:

1. Правите катастрофа од тоа

Иако во прв момент навистина ви се чини дека тоа е најголемата катастрофа што можеше да ве снајде, вашето закрепнување почнува уште од следниот ден.

Во оваа ситуација најважен е вашиот став. Можете да „се соберете“ и да се посветите на тоа да ви биде подобро или можете да кукате, да запаѓате во меланхолии и да си направите секој ден да ви биде сè полош. На вас е што ќе изберете.

kako-samite-ne-si-dozvoluvate-da-ja-prebolite-poraneshnata-ljubov-02.jpg

2. Живеете со многу „што ако“

Теоретски, можете да се носите со сè што животот ви сервира и сметате дека сте храбри и силни личности. Но, доколку врската ве исполнува со тага и многу „што ако“, треба сериозно да преземете нешто.

Постојат парови кои се вратиле еден на друг по подолг период, но тоа не можете да го очекувате и за себе. Живејте го животот како тоа да нема никогаш да се случи, намалете ги „што ако“ прашањата и оставете нештата да течат природно.

3. Одбивате да прифатите дека е готово

По раскинувањето вие мора да продолжите со животот и тоа е непобитен факт. Реалноста не е Холивуд и малку е веројатно дека и двајцата ќе седите во исто време и ќе препрочитувате пораки и ќе сакате да се вратите во врската.

Периодот по раскинувањето е навистина турбулентен на емоционален план, но колку побрзо прифатите дека е готово, толку полесно е преболувањето.

kako-samite-ne-si-dozvoluvate-da-ja-prebolite-poraneshnata-ljubov-03.jpg

4. Губите смисла за себе

Однадвор изгледате како сè да е во ред, но во својата глава од утро до вечер правите сценарија како да се сретнете случајно, како да разговарате, па дури и како да го вратите партнерот.

Внимавајте. Во целиот тој процес, губите дел по дел од своите достоинство и индивидуалност.

5. Го слушате она што ви одговара

Имате десет пријатели кои ви зборуваат да преминете преку тоа, ве храбрат и поддржуваат и ви ги отвораат очите кон реалноста. Но, постои тој еден кој ќе ви даде погрешна надеж дека можеби уште има шанси за таа врска и со тоа прави огромна штета, а на вас толку ви треба за да се „фатите“ за таа теорија.

kako-samite-ne-si-dozvoluvate-da-ja-prebolite-poraneshnata-ljubov-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg