6 брутални фази низ кои поминува секое раскинување

Кога се во прашања раскинувањата, сите се сеќаваат точно на моментот кога врската официјално завршила, а забораваат на претходните и следните фази.

6-brutalni-fazi-niz-koi-pominuva-sekoe-raskinuvanje-01.jpg

Иако мемориите за тој момент сè уште се силни, всушност процесот на раскинување започнал доста порано, но во тоа време можеби не сте ги забележувале, а подоцна не ги ни паметите.

Причините за раскинувањата се различни, но сите раскинувања ги поврзуваат шест фази кои сигурно се случуваат, но се тешки за перцепирање.

1. Фазата кога не сте среќни

Пред да заврши врската, секогаш постои фазата во која партнерите, било само едниот или и двајцата, сфаќаат дека не се среќни еден со друг.

Тие се оддалечуваат, постои тензија, лесно избувнуваат, а може да се случи и по некоја директна навреда. Можеби се обидуваат да го средат тоа, но веќе крајот се гледа.

2. Фазата во која единствен следен чекор е разделба

Едниот од партнерите бара пауза, контактите нагло се намалуваат, доаѓа до пресвртна точка од која следен логичен чекор е разделба.

Тоа се оние минути или часови во кои наскоро поранешните партнери треба да се сретнат, а и двајцата знаат што доаѓа.

6-brutalni-fazi-niz-koi-pominuva-sekoe-raskinuvanje-02.jpg

3. Самиот чин на раскинување

Тоа може да биде мирен договор, но може да биде и бурна караница, да има солзи, лутина, бес, разочарување и болка.

Поради шокот, на оваа фаза се сеќаваме најдолго по раскинувањето.

4. Фаза од која нема враќање

Настапува само неколку минути по чинот на раскинувањето, кога се согледува неможноста да се спаси врската на каков било начин.

Во оваа фаза и двајцата партнери се емотивно испразнети, а стресот бара смирување, па се посегнува кон храна или алкохол или се пушат повеќе цигари, или пак настапуваат солзите на помирувањето со новата состојба.

6-brutalni-fazi-niz-koi-pominuva-sekoe-raskinuvanje-03.jpg

5. Фазата на раскинување на животите

Досега животите на двајцата партнери имаа многу заеднички нешта, но по раскинувањето доаѓа тешкиот дел. Тие треба да се навикнат на нови места, на нови навики, да си ги вратат позајмените предмети еден на друг, особено ако живееле заедно.

Во оваа фаза е и бришењето на статусот на социјалните мрежи и дистанцирањето на сега веќе поранешните партнери еден од друг.

6. Жалоста, исцелувањето и продолжувањето понатаму

Нормално е да се тагува по заедничките навики и активности, но иако шестата фаза е најдолга, жалењето треба да биде најкратко.

Закрепнувањето следува веднаш откако ќе се исплачете и оттагувате. Тогаш треба да се вложи максимална посветеност во прилагодување на плановите за иднината, но и да се тргне по патот на нивната реализација.

Е. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg