Луѓе во брак одговараат: „Зошто ја вадам бурмата?“

Верувале или не, не секогаш се работи за очигледната причина – неверство.

lugje-vo-brak-odgovaraat-zosto-ja-vadam-burmata-001.jpg

Кога некој кој е во брак ќе ја извади бурмата од рака, прво помислувате дека бара нешто надвор од брачната заедница.

Но, дел од луѓето во брак признаа дека не секогаш причината е толку очигледна.

Неколку искрени одговори на прашањето „Зошто ја вадиш бурмата?“

„Кога ќе се налутам на сопругот, го вадам прстенот. Некогаш ми се случува да не го носам и по цела недела.“

„Бремена сум веќе 40-та недела и морав да ја извадам бурмата бидејќи прстите ми отекуваат. Луѓето ме гледаат со сожалување, мислејќи дека се работи за нешто посериозно.“

„Кога излегувам многу често ја вадам бурмата за момците да ме почестат пијачка.“

„Работам во кафуле и тренирам танц на шипка, па имам чувство дека и двете работи ми одат полесно без прстен на рака.“

„Ја вадам бурмата пред да влезам во тоалет, бидејќи сум во постојан страв дека ќе ја изгубам во некое валкано место, како на пример тоалетната школка.“

„Секогаш кога ќе дојдам дома ја вадам бурмата. Така без страв ги извршувам домашните обврски без да се мислам дали ќе ја оштетам или изгубам. Ја чувам во посебно кутивче за накит.“

„Ја изгубив бурмата бидејќи ја мразев и секогаш ја вадев од прст. Не носам никаков накит, ниту часовници. Ништо. Верувам дека прстенот нема да ме спречи да ја изневерам сопругата, ако веќе сум решил.“

„Не носам бурма бидејќи сопругот одбива да ја носи.“

Која е најчудната причина која сте ја слушнале на оваа тема?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg