Колку пати е во ред да се слушате со партнерот во тек на работно време?

Редовното слушање и праќањето пораки може да бидат навистина голем проблем во една врска, особено ако партнерите се посесивни еден кон друг.

kolku-pati-e-vo-red-da-se-slushate-so-partnerot-vo-tek-na-rabotno-vreme-01.jpg

Модерното време, социјалните мрежи и мобилните телефони ни дозволуваат да се слушаме со саканите и да контактираме со нив дури и во текот на работното време. Но, колку пати е доволно? Кога е премногу?

Некои парови се слушаат на еден час, некои на неколку часови, а трети еднаш во денот. Од една страна, блиската комуникација е добра за врската, но во многу повеќе случаи паузите и работните обврски не се поделени во подеднакви интервали во тек на работното време. И, тука почува проблемот со задоцнето одговарање, пропуштање повици и лутење од страна на едниот партнер.

Она што е нормално за една врска, е лошо за друга

Можеби вашите пријатели ја имаат среќата цел ден да си „четуваат“ со партнерите, но вашите обврски ве ограничуваат на едвај еднаш во текот на работното време.

Исто така, многу парови функционираат на начин што не си додеваат еден на друг по телефон во текот на работното време. Но, има и такви кои немаат многу разбирање, па ја користат секоја прилика за преплавување на партнерот со повици и пораки, дефокусирајќи го од она за кое е на работа - извршување на своите обврски.

Најпаметно е со една до две пораки во текот на денот да му дадете до знаење на партнерот дека мислите на него и дека ви недостига. Трошење значајни минути и часови во текот на работното време не е воопшто мудро, ниту безбедно.

kolku-pati-e-vo-red-da-se-slushate-so-partnerot-vo-tek-na-rabotno-vreme-02.jpg

Не барајте да не ве бараат

Освен ако природата на работата не е таква да не е дозволена употреба на мобилни телефони и социјални мрежи, нема ништо лошо во тоа да си испратите најмногу две пораки и да се чуете еднаш на паузата.

Во меѓувреме, расчистете го тоа дека ако не им кренете на телефон или ако не им вратите веднаш на пораката, најверојатно имате итна обврска или состанок на кој морате да сте присутни. Во исто време, потребно е и самите да имате разбирање за работните обврски на партнерот.

Најважно од сè, поштедете ги своите колеги од вашите нежности и приватни разговори. Тие се на работа поради истите причини како и вие и навистина не се должни цел ден да ги слушаат вашите разговори со партнерот.

kolku-pati-e-vo-red-da-se-slushate-so-partnerot-vo-tek-na-rabotno-vreme-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg