Знаци дека сте го преболеле бившиот партнер и подготвени сте за нова врска
Многумина се обидуваат да ја преболат старата љубов веднаш по раскинувањето така што наоѓаат утеха во некој друг.
Сепак, иако за многумина тоа ја прикрива осаменоста, психолозите веруваат дека тоа е површно и дека нова врска треба да се започне разумно по одреден период.
Треба да знаете кога сте подготвени за тоа за да не патите уште повеќе ако го направите од погрешни причини.
За жените, се верува дека патат повеќе кога ќе се разделат и брзо се враќаат во нормала, а мажите може подоцна да ги доживеат емоциите и подолго време да им е потребно за нова врска.
За да откриете дали сте подготвени, следните знаци ќе ви помогнат да сфатите:
1. Минатото веќе не ви создава негативни емоции и не се тресете кога ќе го видите поранешниот партнер.
2. Не се плашите од осаменост и знаете како да си го направите животот убав, а љубовта да ви дојде неочекувано.
3. Имате свое хоби и пријатели со кои се дружите, а не седите дома да патите.
4. Подготвени сте не само да добиете љубов, туку и да дадете, бидејќи во вас горчината се губи, а испливуваат топли чувства на површината.
5. Не реагирате бурно на туѓите врски и односи, можете да гледате романтични филмови без да паднете во депресија и генерално сте среќни за љубовта на вашите најблиски.
6. Сакате повторно да излезете со некого, да си поминете добро и да се запознавате – подготвени сте да фасцинирате и да ве фасцинираат.
7. Знаете како да кажете не, во периодот додека бевте сами имавте време да сфатите кои квалитети во партнерот не ви одговараат и сега знаете што точно сакате.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





