Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 навики во спалната соба кои го уништуваат сексуалниот живот

Во идеалниот свет, ова катче од домот е идиличен простор што го споделуваат двајцата интимни партнери. Реалноста, пак, баш и не така романтична.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-1.png

Терапевтите се сложни дека на одредени лица, предмети и дејства, местото не им е местото во спалната соба, кадешто водите љубов со саканата личност. А, луѓето неретко го прават спротивното, за да подоцна се чудат како одеднаш им исчезнала сета жар и хемија во врската, или, пак, бракот.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-2.jpg

Ова се седумте навики кои може да ви го уништат сексуалниот живот:

1. Планирање на дневните обврски

Добрата организација е клуч на успехот и темел на партнерските односи. Меѓутоа, таа не мора да се одвива во вашата спална соба, а уште помалце во креветот.

Размислувањето за обврските и дневните планови е некогаш напорно. Честопати се развиваат и расправии. Тогаш може дефинитивно да се поздравите со чувствата на интима и нежност.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-3.jpg

2. Носење лаптоп и мобилен телефон во кревет

Сигурно веќе сте наслушнале дека мобилниот телефон е непријател на личната комуникација. Ова важи и за здравиот сексуален живот. Бесконечното „скролање“ не е пристојно и ќе го разбесни секого. А, во кревет, ова ќе го олади и најзапалениот фраер.

Не, не постои оправдување зошто мобилниот телефон би завршил во спалната. Оставете го на полнач – во дневната соба. Наутро ќе си бидете благодарни сами на себе, затоа што ќе имате полна батерија, ама и подобра интима со партнерот. И за лаптопот важи истото правило. Тоа се подразбира, зар не?

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-4.jpg

3. Пуштање на децата или милениците во кревет

Кога бебенцето е мало, кревко и беспомошно, понекогаш е најлесно да го ставите до себе во креветот. Меѓутоа, ако станува збор за повозрасни деца, тогаш не постои ниту една доволно добра причина, зошто тие да се засекогаш вселени во вашата спална соба.

Привремените и вонредни ситуации бараат и такви решенија. Но, спиењето со мама и тато, не е добро ниту за детето, а ни за родителите. Истото се однесува и на домашните миленици. Веројатно неизмерно ги сакате, но ним сосема доволни им се меките и слатки кошнички со перничиња.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-5.jpg

4. Неред во спалната соба

Иако ни сами не може да си го објасниме, нередот во собата настанува навистина брзо и лесно. Неиспегланата облека, кесите од шопинг, платените сметки – сето ова некако се насобира на куп.

Па, на крајот, до креветот се пробивате како низ пустина или прашума. А, кога еднаш ќе го подзасчистите патот до него, повторно го пронаоѓате неуреден и непрооден. Со топли поздрави за сексуалниот апетит, на крајот од вечерата ќе се фатите само за крпата и метлата.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-7.jpg

5. Работа во спалната соба

Спалната соба е исклучиво за одмор и интима. Во ниеден случај не претставува домашна канцеларија, каде ќе се нервирате и стреснувате. Освен што вашите сексуални желби ќе заминат во минатото, големи се шансите да имате проблеми и со несоницата.

Телото ги памети местата, така што е од особена важност да го одвоите деловното од приватното. Во спротивно – ќе прима спротивни сигнали и ќе го изгубите и последниот простор за вистинска релаксација.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-6.jpg

6. Пуштање на гости во креветот

Колку и да си ги сакате пријателите или блиските роднини, тие може да се претворат во вистински непријатели на вашата интима. Прекрасно е да се дружите и повремено да ви доаѓаат на гости.

Меѓутоа, спиење во креветот каде водите љубов со партнерот, не доаѓа предвид. Ни со вас, ниту без вас. Ако веќе немате друга просторија, софата во дневната соба ќе биде совршената опција за нив. А, вие двајцата ќе имате слобода и време само за себе.

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-8.jpg

7. Гледање телевизија или читање весници

На почетокот од новиот милениум, телевизорите беа апсолутен хит во спалните соби. Денес експертите гласно предупредуваат за нивната штетност.

Гледањето телевизија, или, пак, читањето весник во најинтимниот простор од домот, првин ќе ја ослаби комуникацијата меѓу љубовната двојка, а како последица ќе намали и сексуалната желба. Впрочем, на кого во кревет му е потребна политика или црна хроника?

7-naviki-vo-spalnata-soba-koi-go-unishtuvaat-seksualniot-zhivot-9.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg