Зошто партнерите во брак се здебелуваат и како да го избегнете тоа?
Многумина се увериле дека кога ќе стапат во брак и ќе почнат да живеат заедно со партнерот, заедно почнуваат да накачуваат килограми.
Но, зошто е тоа така? Веројатно навиките и новиот начин на живот го предизвикуваат тоа заедничко здебелување.
Секако, тоа не значи дека треба да се препуштите на тоа и да оставите килограмите да се таложат.
Дознајте кои се причините за ова и како да го избегнте:
Немате намера и мотив да се одржувате во форма
Што да правите: Не се водете по тоа дека ако сте ја нашле саканата личност не мора да се грижите за себе. Со домашните обврски не губите доволно калории, иако ви личи напорно. Зачленете се заедно во теретана или на базен и поминувајте неколку часа неделно активно.
Готвите повеќе
Што да правите: Добро е да готвите, но потрудете се тоа да бидат 3 здрави оброци, а не испробување на секакви калорични јадења и потрудете се да не се најадувате од дегустирање на јадењето додека го готвите.
Земате пример од посилната половина
Што да правите: На мажите им е потребна поголема количина на храна, но кога јадете заедно, не се обидувајте да се изедначувате и да јадете исто колку него. Јадете полека, џвакајте темелно и јадете во помала чинија.
Пиете повеќе алкохол
Што да правите: Ако порано не било нормално да пиете чаша вино сам, сега кога живеете со партнер, многу е полесно да се опуштите со неколку чашки почесто, но внимавајте бидејќи алкохолот е калоричен, па бирајте други безалкохолни пијалаци почесто.
Водите пензионерски живот
Што да правите: Наместо да се навикнувате да седите дома и да гледате филмови или спиете, внесете повеќе активност и бирајте да излезете да прошетате, возите велосипеди и слично.
Јадете остатоци од храната на детето
Што да правите: Наместо да го изедете остатокот од јадењето кое вашето дете го одбило, а било подготвено за него, тргнете го на страна за подоцна или фрлете го.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





