Како да препознаете дали налетавте на недопирлива личност?

И додека едни луѓе успеваат да препознаат кога вистинската љубов им доаѓа на врата, други тоа нема да го видат дури и ако им падне на главата.

kako-da-prepoznaete-dali-se-naletavte-na-nedopirliva-lichnost-01.jpg

Од вторите треба особено да се чувате, доколку препознаете дека постои можност вашите искрени чувства да бидат злоупотребени или игнорирани.

Да се биде последен на нечија листа на приоритети е навистина болно, особено ако имате искрени намери и ако ви значи.

Затоа, важно е да ги препознаете предупредувачките знаци навреме:

1. Ви кажуваат дека не се подготвени за врска, но и понатаму ве бараат и се однесуваат баш како да сте во врска. Поради тоа и се надевате, но за жал, напразно.

2. Имаат долга врска зад себе која завршила со лошо раскинување. Ако тоа се случило неодамна, таа личност уште е истрауматизирана и иако не е свесна за тоа, потребно ѝ е повеќе време за да се врати во нормала.

kako-da-prepoznaete-dali-se-naletavte-na-nedopirliva-lichnost-02.jpg

3. Загледува други девојки/мажи дури и во ваше присуство правејќи го тоа недискретно, па дури и дрско.

4. Нивното однесување ви дава до знаење дека не сте важни, односно дека пред вас секогаш се сите други нешта, а за вас има време само ако така се скоцкаат работите.

5. Не познавате никој од нивните пријатели, иако се гледате неколку месеци. Всушност, не сте поканети на ниту едно собирање со пријателите и нивните партнери.

kako-da-prepoznaete-dali-se-naletavte-na-nedopirliva-lichnost-03.jpg

6. Не чувствува одговорност кон договорите, па може да ви откаже во последен момент или да доцни со часови и воопшто да не чувствува вина поради тоа.

7. Испраќа измешани сигнали. На една средба зборува едно, а веќе на следното слушање се побива себе. Тоа е знак за незрелост.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg