Подобро ќе останам сингл, отколку да бидам во безвредна врска

podobro-kje-ostanam-singl-otkolku-da-ostanam-vo-bezvredna-vrska-01.jpg

Кажано ни е дека треба да ја чекаме вистинската личност за да не страдаме во иднина. Ова е вистина. Но, многу луѓе не размислуваат така и само колку да бидат во врска глумат љубов. Тоа е совршен начин за бесцелно губење на времето.

Љубовта не е нешто толку едноставно. Не можеш личност која не е судено да биде со тебе да ја претвориш во сродна душа. Исто така, безначајна врска не можеш да претвориш во значајна.

Ако сакаш да бидеш среќен/а, треба да престанеш да ја даваш душата на луѓе кои се погрешни за тебе. Мора да престанеме да се смируваме покрај партнери кои не ни ги подобруваат животите на никаков начин.

Да се биде сингл не е лоша работа. Понекогаш да се биде сингл е подобро отколку да бидете со некој кој не е на вашето ниво.

Не сфаќајте ме погрешно. Не велам дека не треба да им се даде шанса на луѓе кои изгледа дека вредат. Но, нема потреба да стапувате во врска со првиот што ќе дојде. Слободно бидете селективни.

Од страв да не ја испуштиме можноста остануваме во лоши врски и очајно се обидуваме да направиме да профункционираат. Им даваме место на токсични луѓе во нашите животи. Личности кои прават да се чувствуваме погазено и понижено.

Љубовта не е таква. Љубовта не треба да изгледа како одење по јајца. Љубовта е прекрасно чувство кое треба да го направи нашиот живот вреден за живеење.

Животот е прекраток за да бидеме несреќни. Врската што не води никаде ќе не уништи. Стравот да не бидеме сами ќе не уништи.

Животот е полн со можности.

Посвети си го времето на себе и на работите што те прават среќен/а. Фокусирај се на растењето и учењето. Исполни се со оптимизам, среќа и љубов за животот, а кога ќе дојде вистинската личност ќе бидеш подготвен/а за неа.

Биди прекрасна личност како што сакаш твојата втора половина да биде. Само така ќе го привлечеш вистинскиот/та.

Извор

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg