Колкава бројка на партнери ве прави личност со сомнителен морал во туѓите очи?

Ако имате спиено со одредена цифра на љубовници во минатото, другите луѓе веројатно ќе помислат дека сте промискуитетна личност во сегашноста. Што откриваат последните истражувања на оваа тема?

kolkava-brojka-na-partneri-ve-pravi-lichnost-so-somnitelen-moral-vo-tugjite-ochi-1.png

Интернет порталот „Superdrug Online Doctor“, направи опсежна анализа на примерок од 2000 испитаници, истражувајќи ги нивните навики и ставови кога е интимата во прашање. Фокусот бил на тоа колку се луѓето отворени за своите сексуални искуства и партнери, односно како според истите им судат другите индивидуи.

Резултатите покажуваат дека 17.5 проценти од мажите лажат за бројот на сексуални партнерки, така што даваат повисока цифра од реалната. Истото го прават само 8.2 проценти од припадничките на понежниот пол.

kolkava-brojka-na-partneri-ve-pravi-lichnost-so-somnitelen-moral-vo-tugjite-ochi-2.jpg

Од друга страна, 18.6 проценти од жените признале дека во разговорите ја намалуваат бројката на партнери со кои биле интимни. Кога станува збор за припадниците од посилниот пол, 13.7 проценти од нив лажат на ваков начин. Подоцна, на испитаниците им било поставено следното прашање.

После колкава бројка на сексуални партнери, личноста станува промискуитетна? Мажите одговориле дека особата ја доживуваат како личност со сомнителен морал, доколку таа имала 14 или повеќе љубовници во минатото. За жените, пак, цифрата е поголема за плус еден.

kolkava-brojka-na-partneri-ve-pravi-lichnost-so-somnitelen-moral-vo-tugjite-ochi-3.jpg

А, со колку партнери по нивно мислење спие претерано конзервативна личност? Просечниот одговор на женските испитанички е 1.9, а според мажите, цифрата е 2.3. Во превод - од еден до двајца. Што се однесува до идеалниот број на љубовници, пак, постои сложност меѓу двата пола.

Одговорот на жените во просек изнесува 7.5, додека на машките испитаници е 7.6. Ова би значело од 7 до 8 различни партнери. А, запрашани колкав е реално бројот на љубовници што тие ги имале во животот, мнозинството од жените одговориле со 7, а статистиката за припадниците од посилниот пол e нешто пониска – 6.4.

kolkava-brojka-na-partneri-ve-pravi-lichnost-so-somnitelen-moral-vo-tugjite-ochi-4.jpg

Имате ли ваш став на оваа тема? Споделете го со нас во коментари.

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg