Како да постапите кога поранешниот партнер ќе се обиде да стапи во контакт со вас?

Кога поранешен партнер ќе се обиде да допре до вас од нигде-никаде, тоа може да биде навистина збунувачка ситуација. Но, земете го времето кое ви е потребно и не брзајте да вратите.

kako-da-postapite-koga-poraneshniot-partner-kje-se-obide-da-stapi-vo-kontakt-so-vas-01.jpg

Секогаш можете да изберете и да ја игнорирате пораката, но доколку сте во искушение да одговорите, тоа мора да го направите мудро и промислено. Најважно е да не размислувате и да не ја анализирате претерано ситуацијата.

И не заборавајте, ова може да им се случи на сите и најверојатно му се има случено на секој кој некогаш бил во врска. Колку и да е непријатна ситуацијата, не е невозможна за справување.

Обидете се на следниве начини:

Размислете како тоа ќе влијае врз вас

Имајте ги на ум и двете опции - дека може никако да не влијае врз вас, но и дека може да ви разбуди стари емоции. Расчистете со себе пред воопшто да вратите на повикот или пораката.

Контактот со поранешните партнери некогаш може да донесе и помирување, но многу често носи и повторување на грешките и комплицирање на сегашноста.

kako-da-postapite-koga-poraneshniot-partner-kje-se-obide-da-stapi-vo-kontakt-so-vas-04.jpg

Мислете и на сегашниот партнер

Ако имате партнер со кој сте во врска или со кој излегувате, мислете и на него. Дали заслужува да биде оставен поради нешто од минатото? Дали заслужува да биде изневерен? Не заборавајте го во ниту еден момент.

Не сте обврзани да одговорите веднаш

Почекајте неколку минути, неколку часови, па дури и цел ден ако имате потреба да ги стабилизирате своите мисли пред да одговорите.

Не одговарајте веднаш, бидејќи тоа е вашата рефлексна емоционална реакција. Промислете го секој чекор пред да го направите.

kako-da-postapite-koga-poraneshniot-partner-kje-se-obide-da-stapi-vo-kontakt-so-vas-02.jpg

Одговорот нека биде обичен и секојдневен

Одговорете како што би одговориле кога би ви пишале далечни роднини или колеги од работа со кои имате само професионален однос. Држете се до ваквиот начин на комуникација додека да ги „извлечете“ вистинските намери на вашиот поранешен партнер.

Но, избегнувајте да носите и избрзани заклучоци, како и да кажувате нешта за кои подоцна би ви било жал.

Обновувањето на односот оставете го за на крај

Не брзајте да носите одлуки за вашиот однос. Не заклучувајте дали сака секс, смирување или пријателство. И најважно, не чувствувајте грижа на совест ако јасно му дадете до знаење дека ништо од тоа не е опција.

kako-da-postapite-koga-poraneshniot-partner-kje-se-obide-da-stapi-vo-kontakt-so-vas-03.jpg

Бидете искрени и избегнувајте јо-јо врски

Бидете искрени со другиот, не давајте лажни надежи и никако не му го правете „меракот“ со носталгични состаноци или секс. Ако сте одлучиле дека на таа врска одамна ѝ е ставен крај, немате никаква потреба од сето тоа.

Ако сакате да се смирите, најдете добра причина за тоа

Носталгијата и емоциите не се доволна причина за да се вратите во некоја врска. Размислете и за околностите во кои раскинавте и за тоа каде сте сега. Не се смирувајте без добро да ја анализирате ситуацијата, бидејќи овојпат исходот може да биде доста полош.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg