8 нешта што луѓе во среќна врска никогаш нема да ги кажат

Најтешкиот дел од врската е да си признаеме самите на себе дека веќе не е тоа што била и дека не постојат еуфоријата, заљубеноста, а можеби веќе ниту љубовта.

8-neshta-shto-lugje-vo-srekjna-vrska-nikogash-nema-da-gi-kazhat-01.jpg

Иако многу сте размислувале за заминување, сепак од практични причини сте останале во врската. Можеби и можете да одглумите пред другите, но пред себе, секогаш ќе знаете дека не сте среќни.

Внимавајте и на она што го зборувате, бидејќи луѓето во среќна врска не ги кажуваат овие нешта:

1. „Возбудата и онака се троши по кратко време“

Секако, не можете да очекувате пеперутки во стомак по неколкугодишна врска, но не смеете ниту да го припишувате недостатокот на возбуда на навиките.

2. „Поважно е да си практичен, отколку среќен“

Врските се комплицирани и за создавање и за прекинување. Но, ако ова е вашето оправдување зошто сте во врска, тогаш не сте на добар пат.

8-neshta-shto-lugje-vo-srekjna-vrska-nikogash-nema-da-gi-kazhat-02.jpg

3. „Имаме напорни и стресни животи“

Ова може да важи ако имате по 19 години. Но, две возрасни личности веќе треба да знаат како да балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот.

4. „Дојдени сме до момент кога знаеме сè еден за друг“

Во долга врска е сосема нормално партнерите да знаат многу нешта еден за друг. Но, тоа не треба да биде извинување да запознавате нови личности, особено кога не сте среќни.

8-neshta-shto-lugje-vo-srekjna-vrska-nikogash-nema-da-gi-kazhat-03.jpg

5. „Не сакам да го заморувам со неважни проблеми“

Ако постојат проблеми, значи во никој случај не се неважни. Во стабилните врски партнерите ги делат дури и најситните несогласувања и ги решаваат како возрасни.

6. „Не е дека не му/ѝ верувам, туку не им верувам на другите“

Секогаш постои ризик некој да се смени или да го покаже вистинското лице. Ако вашиот партнер е посакуван, нека биде тоа комплимент за вас, но не по цена да не можете мирно да спиете мислејќи дека можеби во моментот ве изневерува.

8-neshta-shto-lugje-vo-srekjna-vrska-nikogash-nema-da-gi-kazhat-05.jpg

7. „Понекогаш треба и да си себичен“

Ова е чест одговор на прашањето „Зошто не раскинете кога гледаш дека не оди?“ И воопшто не е вистинско оправдување за да останете во лоша врска.

8. „Ќе се справиме со тоа кога-тогаш“

Кога-тогаш се чини како далечна иднина, а ако го премолчите она што ве нервира или повредува, ќе се доведете до степен да „пукнете“ во најлош момент. Справувајте се со проблемите сега.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg