Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 брутални причини зошто нема да ја добиете личноста која ве привлекува

Се прашувате зошто сè уште сте сингл, зошто врските не ви успеваат и зошто не ви успеало некого да го наречете момче/девојка веќе подолг период?

7-brutalni-prichini-zoshto-nema-da-ja-dobiete-lichnosta-koja-ve-privlekuva-01.jpg

Ви се чини дека кога и да воспоставите контакт со некого, работата е завршена уште пред да почне. Дури не ни разменувате пораки, ниту пак се „додавате“ на социјалните мрежи.

Одлична тема за размислување! А ова се неколку причини зошто не ви успеваат ваквите намери:

1. Премногу сте сериозни

Ако веднаш „влетувате“ со плановите за заедничка иднина, лесно може да се случи другата страна да се почувствува исплашено и да почне да ве игнорира, за да се заштити. Дури и ако по некоа случајност успеете да ги поминете првите неколку состаноци, вашата желба да се чуете пред спиење и наутро први да посакате пријатен ден може да направи да изгледате како нетрпеливи или посесивни.

2. Барате премногу од нив

Нормално е да сакате да поминувате време со оној со кого сте во врска. Но, дали вие би сакале да немате време за своите пријатели и викендот однапред да ви биде испланиран? Дали барате од нив да жртвуваат свои интереси? Можеби претерувате со споделување на своите лични приказни и се лутите доколку првиот пат не запомниле какво го сакате кафето.

Можеби малку претерувате со своите желби.

7-brutalni-prichini-zoshto-nema-da-ja-dobiete-lichnosta-koja-ve-privlekuva-02.jpg

3. Немате време за флерт

Сакате сега и веднаш да ја официјализирате врската, а другата страна можеби смета дека треба да поминете извесно време без обврски. Можеби тоа е причината зошто не успевате во врските.

4. Гледате во иднината

Декември е, а вие испланиравте каде ќе одите на одмор во јули? Можеби за вас тоа е сосема нормално, но во вакви случаи треба да ја имате предвид и другата страна. На овој начин оддавате желба да создадете иднина со оваа личност, во момент кога таа не е сигурна во таквите намери и лесно може да се случи да се повлече без збор.

7-brutalni-prichini-zoshto-nema-da-ja-dobiete-lichnosta-koja-ve-privlekuva-03.jpg

5. Не сте им приоритет

Можеби сте им добри за разговор, состаноци и секс, но само кога тие ќе изразат желба за тоа. Ако вие сакате, веројатно во тој момент немаат време.

6. Не им се допаѓате

За ова не треба многу да се објаснува.

7. Не ги заслужувате

Некоја личност која ви се допаѓа може да биде или предобра за вас, или премногу лоша. Во секој случај, не се трудете, доколку не го заслужувате тоа, бидејќи во првиот случај ќе сфатат дека се предобри за вас, а во вториот ќе ве убедат дека не вредите доволно и треба да се задоволите со нив.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg