Времето за себе - фактор за успешна врска

Имате постојан придружник во сите ваши авантури и никогаш не треба да се грижите дали ќе нарачате повеќе отколку што може да изедете, бидејќи има со кого да поделите. 

Vremeto za sebe faktor za uspesna vrska 01

Но, кога двајца луѓе ќе одлучат да се посветат еден на друг, не само што се согласуваат да живеат заедно, тие се согласуваат да го поминат својот живот заедно како поединци.

Без разлика дали сте биле во врска 10 години или две недели, важно е да запомните дека сте комплетна личност и сте биле комплетни и пред да станете дел од тимот. И само затоа што сте во врска со некого не значи дека треба да бидете заедно 24/7.

Времето поминато разделени може да го искористите да се „освежите“ и да си поминете убаво во друштво со себеси.

Но, ако сè уште не сте убедени дека ви е потребно време далеку од саканиот, прочитајте зошто заслужувате малку време за себе.

Ви треба време да ги наполните батериите

Не му одговара на секој да е „врзан со папочна врвца“ за својот партнер. Ако ова е случај и со вас, многу веројатно дека по одредено време ќе почнете да губите трпение, ќе се чувствувате исцедени и нервозни, а вашата енергија е витална компонента за тоа како напредувате во вашата врска.

Како да го одберете начинот на кој ќе ја надополните изгубената енергија целосно зависи од вас. Можеби ќе уживате цел час во полна када или ќе се исплачете на добар филм? Можеби ќе излезете со друштвото?  

Што и да одберете важно е да не се чувствувате виновни, а партнерот треба да разбере дека ви треба време за себе. Не грижете се, тој ќе бидат таму штом ќе се вратите, а ќе биде и среќен бидејќи ќе се вратите со полни батерии.

Ви недостасуваат теми на разговор

Сте забележале ли дека понекогаш кога сте со вашиот партнер, не сте вистински со него? Седите во иста просторија, но не комуницирате. Тишината понекогаш е во ред, но ако тоа се случува почесто отколку што би сакале, можеби причината е тоа што буквално сè сте си кажале.

Давајќи си простор и време за себе, си давате и можност за нови искуства што подоцна ќе си споделите со партнерот. Ако сте постојано еден со друг си ги ограничувате темите за разговор, бидејќи вашиот партнер веќе го доживеал она што сте го доживеале.

Ви треба здрава врска со себеси

Ако не се сакате себеси, како ќе го сакате другиот? Иако врските служат за да ни ги задоволат потребите, не значи дека треба да заборавиме на односот што го имаме со себеси. Постојат моменти во вашиот живот кога треба да бидете сами за да размислувате за тоа кои сте, каде сте биле и каде планирате да бидете.

Користете го ова време за себе  за да најдете нови интереси, да научите да уживате и без партнерот и да размислувате со своја глава. Без разлика дали вашата врска ќе трае или не, секогаш ќе бидете во врска со себе.

Ви треба време и за другите врски во животот

Иако вашиот партнер може да биде најважната личност во вашиот живот, од витално значење е да се одвои време за пријателите и семејството и да се избегне чувството на изолација. Не е баш реално да очекувате од партнерот да ги задоволи сите ваши потреби.

Вашите пријатели и семејството (дури и вашите колеги) се тука за да обезбедат поинаков вид грижа и љубов од вашиот партнер.

Воспоставување на систем за поддршка надвор од вашата врска со луѓето кои ве сакаат и се грижат за вас е исклучително важно. Јавете се на неколкумина пријатели, појдете на ручек со вашата мајка, дружете се повеќе со вашиот брат или сестра.

Давајќи им простор на другите луѓе во вашиот живот може да направи да се чувствувате исполнети, поддржани и сакани на повеќе начини отколку што можете да си замислите.

Ви треба стремеж кон сопствените цели

Најверојатно вие и вашиот партнер немате исти цели - вие сте уметничка душа, тој е гениј во полето на компјутери. Иако тој ќе ја поддржи вашата амбиција, вие самите сте единствената личност која може да ги придвижи работите во корист на остварување на вашите соништа.

Патем, времето за себе ја зголемува креативноста, па имате и причина повеќе да се стремите кон сопствените цели.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg