Најава за секси содржина, шифри: Бон-тон правила за секстинг

Има нешто посебно во возбудата кога неочекувано ќе примите секси порака од личноста за која сте заинтересирани да бидете или со која веќе сте интимно блиски.

i-za-sekstingot-postojat-bon-ton-pravila-01.jpg

Испраќањето секси пораки има и свој модерен термин - секстинг. Иако ви се чини дека тоа е нешто што сите знаеме да го правиме, бидејќи нема што посебно да се учи, всушност постојат неколку мали правила кои треба да ги следите, за да можете правилно да го искористите потенцијалот на секстингот.

Следниве правила ќе ве направат да се чувствувате како професионалец во оваа област:

Најавете ја пораката

Испраќање секси порака или разголена фотографија во суштина е сексуално вознемирување, а за да биде секстинг, треба и двете страни да се согласни дека тоа се случува. Во текот на разговорот ќе забележите дали нештата водат кон секси размена на пораки и фотки, а и сигурно можете на свој уникатен начин да прашате или најавите дека следува таква содржина.

Не секој се чувствува удобно да разменува свои интимни фантазии, а уште помалку разголени или провокативни фотографии.

Исто, можете и да се договорите во кој дел од денот го правите тоа, бидејќи во денешно време многу е лесно да се појави поп-ап нотификација на компјутерот, мобилниот телефон или паметниот часовник и содржината да биде видена и од лица за кои не е наменета.

Договорете си шифри

Постојат луѓе на кои не им е удобно експлицитно да ги именуваат половите органи во пишана комуникација, но и такви кои не сакаат да добиваат прекари за нив.

Во текот на комуникацијата можете суптилно да го наметнете ова прашање или да следите внимателно како личноста од ваш интерес ги нарекува тие делови од телото, за да можете и вие да се прилагодите - секако, доколку ви е вам удобно така.

i-za-sekstingot-postojat-bon-ton-pravila-02.jpg

Двојна проверка

Наместо да нападнете со секси пораки и/или фотографии, прво опипајте го теренот и видете дали другата страна е расположена во моментот за такво нешто. Некогаш се случува да имале лош ден и попрво да сакаат да споделат некој проблем со вас, наместо да се впуштат во виртуелен секс.

Започнете неутрален разговор и гледајте како ќе се одвива натаму. Потоа можете да се впуштите и во попровокативни теми.

Зборувајте за тоа што би го сакале и во реалноста

Секстањето и сексот се различни нешта и она што ви изгледа прифатливо при текстуална комуникација, може да биде неизводливо или тешко изводливо во реалноста. Пишувањето ве прави посигурни, но очекувајте дека во реалноста баш и нема да биде така.

Во текот на секстањето можете да откриете што точно му се допаѓа на вашиот интимен партнер, за што би направил компромис или пак, што никогаш нема да го направи. И најважно, немајте превисоки очекувања, бидејќи на зборови, а особено на пораки, сите се многу посилни отколку што реално се.

Проверете пред да притиснете „испрати“

Иако сте сигурни каде ја испраќате содржината, сепак проверете да не сте кликнале некоја друга порака и вашиот секси текст да заврши кај некој друг.

i-za-sekstingot-postojat-bon-ton-pravila-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg