Најпознатите илузии кои ги создаваме за љубовта и во кои сè уште веруваме

Љубовта е смислата на животот. Љубовта е она што нè тера да работиме, да создаваме, да им помагаме на другите и на себе, да учиме, да се развиваме и да бидеме здрави и среќни. 

Najpoznatite iluzii koi gi sozdavame za ljubovta i vo koi se uste veruvame 01

Љубовта не е тесно поврзана со љубовта кон семејството, партнерот, пријателите или другите луѓе. Љубов постои во сите работи кои нè опкружуваат.

Луѓето кои се полни со љубов се здрави, донесуваат добри одлуки за себе и за својата околина, додека оние кои страдаат од илузијата за љубовта се несреќни, имаат проблеми со здравјето, со себе и со другите.

Илузија која ја создаваме за љубовта е извор на сите страдања, а ова се најпознатите илузии за љубовта.

Вредам онолку колку што ме сакаат луѓето околу мене

Ова е една од најчестите илузии во кои многу луѓе цврсто веруваат. Лицето кое се вреднува себеси споредувајќи се со другите луѓе е лицето кое верува дека не е доволно сакано. Таквата личност верува дека не заслужува да биде сакана.

Ова е, се разбира илузија. Доколку некој не добива љубов од важните луѓе во неговиот живот (родители, роднини, партнери, итн.) не значи дека не може да биде сакан од страна на друго лице.

Самољубието е нарцизам

Многу важен столб на менталното здравје е љубов кон себе. Љубов кон себе не е нарцизам или самољубие, туку предуслов за љубов. Да се сакаш себеси значи да се прифаќаш во секој момент, во сите изданија и безусловно.

Само лицето кое целосно се прифаќа може навистина да се развива и да живее во мир и љубов.

Секаков вид на негирање и неодобрување води кон дисфункционални чувства како вознемиреност, вина, срам. Нарцис е личност која се храни со нечија енергија, бидејќи не е во можност да даде љубов, поради што страда од чувство на празнина.

Najpoznatite iluzii koi gi sozdavame za ljubovta i vo koi se uste veruvame 02

Љубовта е страдање

Љубовта станува илузија или страдање кога се меша со личните вредности или стремежот да се компензира чувство на помала вредност.

Луѓето страдаат, бидејќи не ја гледаат разликата помеѓу нивниот вистински идентитет и негативните модели кои ги доживуваат како вистински идентитети.

Поради оваа несвесна идентификација луѓето ја гледаат својата реалност како единствена и неспорна. Ова создава волшебен круг на страдање. Страдањето е илузија, а личноста која страда живее со погрешни убедувања.

Многу луѓе се имаат излечено од депресија со радикално менување на начинот на кој се доживуваат себеси и сопствениот идентитет.

Љубовта се заслужува

Љубовта е подарок, љубовта е бесплатна и целосно незаслужена. Ако некој може да ве сака, ќе ве сака, доколку некој не сака или не може да ве сака, нема да ве сака, бидејќи не може да ви го даде она што го нема.

Нема потреба да се обидувате да заслужите нечија љубов.

Najpoznatite iluzii koi gi sozdavame za ljubovta i vo koi se uste veruvame 03

Сите луѓе се подеднакво способни за љубов

Не сите луѓе се подеднакво способни за љубов, бидејќи не се сите подеднакво интелигентни, високи или здрави. Способноста да се сака се базира на способноста за емпатија. Не секој е подеднакво сочувствителен. Емпатијата, исто така, зависи од гените и од средината.

Едноставно кажано, илузијата за љубовта се базира на премисата дека се цениме онолку колку што другите нè сакаат, прифаќаат или одобруваат. Наместо да бараме прифаќање од другите, треба да се прифатиме себеси, безусловно и да даваме љубов, наместо да ја бараме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg