Основни совети за добар секс

tri-osnovni-soveti-za-dobar-seks-povekjeСе загубивте меѓу советите за добар, најдобар и совршен секс? Не можете да ги запомните 120-те правила за нејзин оргазам и 115-те совети за негов?

 

Ако ги почитувате овие 3 основни правила за добар секс, едноставно не можете да погрешите.

1. Основа. Опуштеност.

tri-osnovni-soveti-za-dobar-seks-1

Немојте да се трудите премногу. Можеби сте добиле впечаток дека за добар секс треба да се изнаработите. Дека мора да бидеш спортист, гимнастичар или акробат. Ако сте нешто од овие три, сигурно нема да ви наштети.

Но, и луѓето кои не се ништо од овие 3 иако не можат да направат шпага или некоја положба од Кама Сутра, не значи дека немаат одличен секс. Опуштеноста лежи во тоа да не се напрегате и да не размислувате премногу.

Доволен е обичен хумор, заиграност и обична фантазија за да го заинтересирате партнерот. Кога тој/таа ќе види дека сте спонтани, нема да биде под притисок, и ќе се опушти полено.

Кога се трудите да го направите сексот апстрактен, нов, иновативен и кога сакате да ископирате некоја поза од филм, и двајцата сте под притисок дали ќе ви успее. Од спонтаноста се „раѓа“ најдобриот секс.

2. Основа: Препуштете се на моментот.

Сексот почнува во главата, но понекогаш не сме способни да го преточиме во телото. Како би се ориентирале на телото и успешно ја пренесете идејата од главата до телото, мора да почнете да се занимавате со себе. Спортски активности се одлични за почеток.

Ако за време на предиграта сфатите дека не можете да ги поврзете работите кои ви паѓаат на ум, не се напнувајте, опуштете се со масажа. Масирање на мускулите на целото тело, со масло за масажа ќе ги пробуди сетилата.

Кога партнерот ќе започне да воздивнува гласно, ќе ги пробуди сите ваши заспани сетила, па почнете да се препуштате со воведна партија орален секс.

tri-osnovni-soveti-za-dobar-seks-23. Основа: природност.

Не комплицирајте! Ако ги комплицирате работите, ниту вие, ниту вашиот партнер нема да биде опуштен. Разновидноста во сексот е добредојдена, но не треба да ја применувате секогаш кога сте интимни.

При еден сексуален однос нема потреба да промените 27 пози кои ги знаете. Понекогаш е доволна само една поза во која уживате и двајцата и ако ја повторите неколку пати, не значи дека сексот не ви е добар.

Впрочем, не ни се потребни промени, ако еден вид положба предизвикува возбуда кај двајцата. Ако сте доволно опуштени и го чувствувате телото на партнерот, меѓусебно го следите темпото и уживате во тоа, добар секс е неизбежен.

Единствена вештина и основа на сите основи на сексот која мора да ја знаат сите добри љубовници, е да знаете да го почувствувате телото на партнерот. Кога ќе успеете во ова, ќе забележите колку ќе бидете поопуштени и ќе знаете да ги правите работите со срце.

Би можело да ве интересира:

Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg