7 чудни нешта што може да се случат кога сте во врска со погрешна личност
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 чудни нешта што може да се случат кога сте во врска со погрешна личност

Врските не се засноваат само на хемија и заљубеност, туку на нив треба и напорно да се работи. Но, постојат ситуации во кои тоа воопшто не е исплатливо.

7-chudni-neshta-shto-mozhe-da-se-sluchat-koga-ste-so-pogreshnata-lichnost-01.jpg

Некои врски, едноставно, не се предодредени да успеат, без оглед на околностите. Понекогаш и двајцата партнери многу се трудат за да ја спасат врската, но ништо не помага. Постојат неколку нешта кои никогаш нема да профункционираат кога сте со погрешна личност.

На пример, не можете да присилите или да глумите хемија. Може да ви се допаѓа или вие нив, но никогаш да не се случи љубов. Секогаш ќе ви се чини дека нешто недостига и ќе почнете да го барате тоа нешто наоколу.

Нема ништо лошо во тоа да се борите за врската, но најдобро е да препознаете кога тоа нема смисла:

Се чувствувате лошо за нешта за кои не сте виновни

Кога некого сакате, тогаш чувствувате емпатија со она што му се случува. Истото би требало да го прави и другата страна. Вистинската личност отворено ќе ви покаже емпатија и поддршка. Другите пак, можеби и ќе ви речат дека самите сте виновни за ситуацијата  и нема да добиете нималку поддршка од нив.

7-chudni-neshta-shto-mozhe-da-se-sluchat-koga-ste-so-pogreshnata-lichnost-02.jpg

Не уживате во удобните моменти со нив

Луѓето меѓу кои постои и љубов и хемија секогаш имаат тема за разговор, но умеат да уживаат и во моментите кога и двајцата молчат. Кога сте со вистинската личност, дури и тишината е преполна со комфор, безбедност и поврзаност, што не е случај со оние другите.

Не се чувствувате како „дел од тимот“

Можете да се обидувате да го натерате партнерот да ги гледа нештата онакак како што сакате, но ако сте со погрешна личност, тоа нема да се случи. Едноставно, ќе биде премногу себична и неподготвена да ги согледува нештата и на вашиот начин.

Не знаете за што размислува

Вистинскиот ќе го препознаете по тоа што кога ќе го погледнете, точно знаете како се чувствува. Не треба да читате мисли за да го направите тоа, туку едноставно веќе целосно го разбирате. Но, ако ги крие чувствата пред вас и никогаш не знаете што му се случува, тогаш најверојатно вашиот партнер никогаш нема да ви се отвори.

7-chudni-neshta-shto-mozhe-da-se-sluchat-koga-ste-so-pogreshnata-lichnost-03.jpg

Вели дека ве знае, а не ве познава воопшто

Одлично е да бидете со некого кој добро ве познава, но луѓето постојано се менуваат, а заедно со нив и вие самите. Кога сте со погрешна личност, таа воопшто нема да се потруди да го следи тој процес и ќе биде сигурна дека добро ве знае. Имало случаи кога дури и се лутеле затоа што нивниот партнер веќе не ги сака истите нешта како претходно.

Не уживате во врската

Иако ви е тешко да си признаете, поудобно ви е кога сте сами или со пријателите, односно со кој и да е друг, освен вашиот партнер. Не ви се допаѓа кога излегувате со него и претпочитате воопшто да не доаѓа кај вас дома или вие кај него, туку да се сретнете надвор.

Се прашувате колку вредите

Ваквите погрешни избори ќе ве натераат во даден момент да се запрашате дали можеби не вредите толку колку што мислите и заслужувате помалку од она што мислите дека го заслужувате. Вистинската личност никогаш нема да ве доведе до ваква ситуација.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 прашања чии одговори ќе го лоцираат проблемот во љубовната врска Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот, лоцирањето на пр...
11 знаци дека за вашиот брак сè уште има надеж Понекогаш ви е преку глава од партнер, како постојано како да му давате вештачко...
Откријте какви сте врз основа на карактеристиките на вашиот партнер Љубовта е необјаснива и обично нема конкретен одговор на прашањето зошто некој с...