5 стадиуми на љубовта низ кои минува секоја врска

Стадиум 3 - рутина и разочарување: Oва е мигот на отрезнување од љубовта и психолозите тврдат дека е најголемиот тест на врската.

5-stadiumi-na-ljubovta-niz-koi-minuva-sekoja-vrska-01.jpg

Дали и вие копнеете да ви се случи едно „Си живееја среќно до крајот на животот“?

Во бајките постои ова, но во реалноста мора да минете низ низа фази за да имате љубов што ќе трае до крајот на животот.

Стадиуми низ кои поминува секоја врска:

Восхит поради новата љубов

Во фазата на меден месец на почетокот од врската сте вљубени до уши и имате пеперутки во стомакот.

Смирување на емоциите

Ова е периодот кога пеперутките почнуваат да ги губат крилјата и сè послабо ги чувствуваме. Но, од друга страна личноста со која сме почнуваме вистински да ја сакаме.

Раѓањето на една љубов преминува во заљубеност.

5-stadiumi-na-ljubovta-niz-koi-minuva-sekoja-vrska-02.jpg

Рутина и разочарување

Oва е мигот на отрезнување од љубовта за кој сите зборуваат, а психолозите тврдат дека е најголемиот тест на љубовта и дека ако го положите ќе доживеете среќен крај. Наеднаш работите ви стануваат рутина и партнерот и сите активности ни се нешто веќе видено.

Ги тргаме розовите очила и почнуваме да ги гледаме маните. Во оваа фаза се проценува дали таа личност ни одговара на потребите или не.

Стабилност

Кога ќе ја надминеме претходната фаза, следува награда – стабилност. Повеќе не нè прогонуваат недоумици во врска со партнерот и знаеме дека тој е вистинскиот. Неговото присуство во животот ни дава чувство на сигурност и спокој.

5-stadiumi-na-ljubovta-niz-koi-minuva-sekoja-vrska-03.jpg

Обврзување

Оваа фаза понекогаш и не е потребна затоа што претходната може да значи среќа до крајот на животот. Но, многу парови се одлучуваат да ја официјализираат врската и симболично да го изговорат судбоносното „да“.

Но, тука приказната не завршува, туку оттука започнува едно ново патување. Непрестајно треба да вложувате во врската за таа да трае засекогаш.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg