Откријте какви сте врз основа на карактеристиките на вашиот партнер

Љубовта е необјаснива и обично нема конкретен одговор на прашањето зошто некој се вљубува во одредена личност. Но изборот на партнерот може да ни каже многу за нашиот карактер. 

Otkrijte kakvi ste vrz osnova na karakteristikite na vasiot partner 01

Всушност, не е случајно што се заљубивме во висока или ниска личност или некој кој е исклучително емотивен наспроти некој кој е резервиран. Но како се случува ова?

Дали сте подготвени да научите нешто ново за вашиот карактер?

Сличност во физичкиот изглед

Неколку истражувања покажаа дека ги избираме партнерите според заедничкиот изглед. Погледнете го вашиот партнер, дали имате слични физички карактеристики? Нашата љубов кон нашиот партнер се темели на нашата љубов кон себе.

Слично ниво на атракција

Обично забележуваме дека мажот и жената изгледаат слично. Научниците открија дека ги избираме луѓето кои се во иста „зона за убавина". Очигледно, таквите лица ги сметаме за „најсоодветна опција". Значи, ако мислите дека вашиот партнер е привлечен, тогаш, знаете што - и вие сте.

Емоционалност и рационалност

Постои интересна рамнотежа помеѓу емоционалните и рационалните луѓе. Очигледно, ние секогаш се обидуваме да го надоместиме ова, а како резултат добиваме совршен пар: едниот партнер може да биде мирен, додека другиот го одржува пламенот.

Ако вашиот партнер секогаш размислува двапати пред да донесе одлука, тогаш сте вие веројатно прилично емоционална личност.

Otkrijte kakvi ste vrz osnova na karakteristikite na vasiot partner 02

Разлики во висината

Дали забележавте дека постојат високи момци кои имаат ниски девојки и обратно? Понекогаш таквата разлика може да изгледа прилично чудно, но всушност ова не е ништо изненадувачко.

Високиот маж изгледа поголемо и посилно кога има ниска девоја, а високите девојки изгледаат посигурно и поуспешно. Значи, ако избереме низок партнер, сакаме да се грижиме за него, а ако избереме висока личност, сакаме да бидеме опкружени со грижа и внимание.

Крупна фигура

Овде не можеме да се потпреме на никакви научни студии, но постои верување дека покрупните жени се симбол на здравје и плодност. Можеме да кажеме дека мажите избираат покрупни жени ако се подготвени да создадат семејство.

Но постои и друга теорија, покрупните жени делуваат посилно и се третираат како доверливи партнери.

Чувствителни луѓе избираат чувствителни луѓе

Луѓето кои се способни да сочувствуваат почесто создаваат хармонични односи. Таквите партнери брзо наоѓаат заеднички јазик. Покрај тоа, таквите луѓе лесно се согласуваат едни со други.

Миленичиња

Маж кој има милениче создава слика на доверлива и одговорна личност. Истото важи и за жените.

Otkrijte kakvi ste vrz osnova na karakteristikite na vasiot partner 03

Сличност со родителите

Таткото на психоанализа, Сигмунд Фројд, тврдел дека избравме партнер кој личи на едниот од нашите родители. И модерните научници откриле дека изгледот на партнерите често потсетува на изгледот на нашите родители.

Ова истражување, исто така, покажало дека ако родителите одлучат да имаат дете подоцна во животот, нивното дете веројатно ќе најде постар партнер.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg