15 психолошки прашања кои предвидуваат дали вашата врска ќе трае

Веројатно се имате запрашано дали сте во вистинската врска. Професорот по психологија Гари Левандовски смислил одличен метод, со кој наводно можете да дознаете дали вашата врска ќе потрае.

15-psiholoshki-prashanja-koi-predviduvaat-dali-vashata-vrska-kje-trae-01.jpg

Методот се состои од листа прашања за чиј одговор треба да го вклучите вашиот инстинкт, но и разум, односно нештата што се неопходни кога донесувате важни одлуки.

Само еден одречен одговор може да биде лош знак, а тоа е „НЕ“. Но, токму ова ги тера некои психолози да се сомневаат во веродостојноста на тестот.

Сепак, секоја врска има фази и понекогаш е потребно малку работа за да се стигне до потврден одговор. Критичарите на тестот исто така истакнале дека некои изјави се спорни, како на пример прашањата под број 6 и 8.

Како и да е, можете да го погледнете тестот во продолжение и самите да одлучите за неговата точност:

1. Дали партнерот ве прави подобра личност и обратно?

2. Дали се потпирате еден на друг, дали сте блиски и дали не постои грижа дека партнерот ќе си замине?

3. Дали се прифаќате еден со друг без потреба да се менувате?

4. Кога настануваат конфликти, дали разговарате без негативност?

5. Дали ги делите моќта и влијанието и дали заедно ги донесувате одлуките во врската?

6. Дали сте најдобри пријатели?

7. Дали размислувате во категоријата „ние“ наместо „jас“ или „ти“?

8. Дали би си ги кажале лозинките за социјалните мрежи и кредитни картички?

9. Дали имате добро, но не и преценето мислење еден за друг?

10. Дали вашите и пријателите на партнерот сметаат дека имате силна врска која може да го издржи тестот на времето?

11. Дали вашата врска е ослободена од љубомора, измами и манипулирање?

12. Дали делите исти вредности кога станува збор за политика, религија, брак, желба за деца и нивното воспитување?

13. Дали сте подготвени да ги жртвувате сопствените желби, потреби и цели за партнерот, а да не бидете потчинети?

14. Дали и двајцата сте емоционално стабилни?

15. Дали сте сексуално компатибилни?

Дали на повеќето прашања одговорот искрено ви беше потврден или сепак врската ви е осудена на пропаст според психологот? 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg