Зошто интелигентните луѓе тешко одржуваат љубовни врски?

Интелигенцијата е сила, но во љубовните односи истата не помага, објаснуваат научниците. Интелектуализација или прекумерно размислување е штетно во врските, бидејќи е потешко емоционално да се поврземе со друго лице. 

zosto-inteligentnite-luge-tesko-odrzuvaat-ljubovni-vrski-01.jpg

Имено, интелектуализација е термин, кој во психологијата значи дефанзивен механизам, кој интелигентните луѓе го користат несвесно за да не бидат повредени.

Во контекст на романтична врска, ваквото однесување е деструктивно. Таквите луѓе несвесно ги блокираат подлабоките емоции за да се заштитат од чувства без кои врската не може да функционира.

Експертите објаснуваат дека емпатија и одговорност помагаат да се задржи емоционална блискост во врската.

Првото е обид да се разбере перспективата на партнерот или емпатија. Луѓето кои сакаат да имаат квалитетна врска се обидуваат да разберат како се чувствува нивниот партнер.

Друга важна работа за квалитетен однос е одговорноста, способноста за откривање на сопствените грешки и признавањето дека нешто не е во ред.

Zosto inteligentnite luge tesko odrzuvaat ljubovni vrski 01

Интелигентните луѓе често имаат проблеми со егото, што исто така, ја нарушува врската. Потешко ја признаваат вината, или им треба повеќе време да се покаат.

Таквите луѓе ги игнорираат чувствата на партнерот и постојано утврдуваат факти, исто така ги преиспитуваат грешките на партнерот.

Zosto inteligentnite luge tesko odrzuvaat ljubovni vrski 02

Интелигентните луѓе имаат високи одбранбени механизми, па ретко му даваат можност на партнерот да се изјасни како се чувствува. Кога разговараат, ги губат емоциите, затоа не можат да чувствуваат емпатија.

Ако во емоционалните односи ве кочи интелектот, психолозите тврдат дека прво треба да станете свесни за вашиот проблем. Кога ќе бидете свесни, треба да се обидете да го промените вашиот став кон врската, како и однесувањето.

Освен што размислувате со вашата глава, треба да размислите и за емоциите во дискусијата, за да можете да почувствувате емпатија.

Zosto inteligentnite luge tesko odrzuvaat ljubovni vrski 03

Психолозите тврдат дека само на овој начин ќе можете да ја разберете другата страна, да се ставите во кожата на партнерот. Понекогаш треба да престанете постојано да ги анализирате своите грешки и да уживате во вашата врска.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg