Знаци кои покажуваат дека сте во врска со себична личност

Дали ви се чини дека партнерот се грижи само за неговите потреби и целосно ги занемарува вашите? Дали постојано зборува само за себе, па дури и ве обвинил дека сте себични?

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-sebichna-lichnost-001.jpg

Од една страна, можеби само ви се причинува, но од друга, сосема возможно е да сте во врска со себична личност.

Доколку сепак не сте сигурни, обрнете внимание на следниве знаци:

Најважни се неговите потреби

Себичните луѓе не мислат за другите, туку само за себе. Доколку забележите дека потребите на партнерот се секогаш на прво место, а вие никогаш немате право на збор, тогаш најверојатно тој е себична личност.

Во секоја врска важни се потребите и на двајцата партнери. Никој не треба да се чувствува запоставен и секогаш треба да постои компромис.

Партнерот не покажува грижа за другите

Обрнете внимание како се однесува вашиот партнер и надвор од врската. Дали верува дека тој е најважната личност и не ги зема предвид туѓите чувства?

На себичните луѓе не им е грижа како се чувствуваат другите и дали ќе повредат некого. Доколку вашиот партнер се однесува на овој начин, голема е веројатноста дека е себична личност.

Никогаш не нуди помош

Себичните луѓе можеби ќе помогнат кога ќе го побарате тоа од нив, но никогаш нема да ја понудат нивната помош. Кога ќе забележите некој во неволја, сосема природна реакција е да сакате да помогнете.

Доколку партнерот никогаш не го прави ова, тој покажува одлики на себична личност.

Партнерот зборува само за себе

Себичните луѓе се сакаат само себеси, па можат со часови да разговараат за себе. Воопшто не ги интересира животот на другите и никогаш нема да ве ислушаат.

Дали сте забележале дека партнерот постојано сака да зборувате за него и го занемарува она што сакате да го кажете? Во тој случај, си имате работа со себична личност.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-sebichna-lichnost-2.jpg

Морате да го молите за да направите нешто по ваше

Компромисот е клучен во секоја врска. Па, никогаш не треба да го молите партнерот за одвреме-навреме да направите нешто што вие сакате. Доколку сте со себичен партнер, вашите желби речиси и да не постојат.

Партнерот постојано ве омаловажува

Постои разлика помеѓу тоа некој да ве турка за да го дадете најдоброто од себе и некој да ве критикува и да прави да се чувствувате безвредно. Себичната личност никогаш не ги зема предвид вашите чувства.

Па, доколку имате себичен партнер, нема да му биде грижа дали неговите зборови ве повредиле. Наместо да ви помогне да станете најдобрата верзија од себе, оваа личност само ќе направи да се чувствувате лошо во својата кожа.

Никогаш не се извинува

Доколку партнерот никогаш не ви се извинува, дури и кога очигледно вината е негова, тогаш сте во врска со себична личност. Моралните вредности се неважни за овие луѓе, а понекогаш не се ни свесни дека направиле нешто погрешно.

Изгледа како вие да не сте доволно важни за партнерот да внимава на своите зборови и однесување. Па доколку никогаш не сте слушнале „Извини“, вашиот партнер е себична личност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg