Зошто не треба да го „проверувате“ телефонот на вашиот партнер?

Денес нарушувањето на приватноста на партнерот е полесно од кога било. На неговиот смартфон можете да најдете речиси сè за него – пораки, повици, историја на пребарувања… Но дали е во ред да го правите ова?

zoshto-ne-treba-da-go-proveruvate-telefonot-na-vashiot-partner-001.jpg

Изгледа дека многу луѓе сакаат да „чепкаат“ по приватноста на партнерот. Имено, според анкета од 2014-та година, 1 од 4 жени и 1 од 5 мажи тајно го проверувале телефонот на партнерот.

Доколку не спаѓате во оваа категорија, веројатно се прашувате зошто луѓето го прават тоа.

Постојат неколку причини заради кои луѓето редовно го „проверуваат“ телефонот на партнерот:

Проблеми со довербата

Како што можеби веќе претпоставивте, штом некој го проверува телефонот на партнерот, тогаш не му верува доволно.

Многу луѓе се загрижени дека партнерот прави нешто зад нивниот грб или дека чува некоја тајна, па сакаат да дознаат што е тоа.

Но, ова само ја потхранува недовербата во врската и може да предизвика проблеми.

zoshto-ne-treba-da-go-proveruvate-telefonot-na-vashiot-partner-01.jpg

Недостаток на комуникација и интимност

Некои терапевти и психолози сметаат дека ова однесување може да биде резултат на проблеми со интимноста и комуникацијата помеѓу партнерите.

Доколку партнерите не се отворени еден кон друг, проблемите не се решаваат и почнува да се појавува сомнеж.

Па наместо отворено да разговараат за проблемот, тие се обидуваат да дознаат нешто повеќе нарушувајќи ја приватноста на својот партнер.

Несигурност и сомнеж за неверство

Доколку партнерот има историја на лажење и изневерување, нормално е да се сомневате дека истото се случува и сега.

Но понекогаш дури и кога не постои простор за сомнеж, кај луѓето се појавуваат ирационални стравови, па пробуваат да откријат некоја тајна, дури и кога ја нема.

zoshto-ne-treba-da-go-proveruvate-telefonot-na-vashiot-partner-02.jpg

Зошто НЕ треба да го проверувате телефонот на партнерот?

Дури и кога постои причина за сомнеж, никогаш не е во ред да се мешате во туѓата приватност. Секогаш е подобро отворено да разговарате доколку постои каков било проблем.

Проверувањето на телефонот може само да предизвика дополнителни проблеми, а во продолжение погледнете ги најдобрите причини зошто да не го правите тоа.

Ќе се претворите во личност којашто не сакате да бидете

Никој не сака да биде личноста која едвај чека партнерот да го остави телефонот во собата за да може да провери што има на него. Повеќето сакаат да веруваат дека се искрени личности со интегритет и самопочит.

Нема ништо полошо за вашата самодоверба од „проверки“ во телефонот на партнерот, обидувајќи се да добиете информации што не се ваши.

Сè додека барате простор да го проверите телефонот на партнерот, тоа ќе биде главен фокус на вашите мисли. Понекогаш ова однесување може да стане толку екстремно, што се претвора во опсесија.

zoshto-ne-treba-da-go-proveruvate-telefonot-na-vashiot-partner-002.jpg

Саботирање на блискоста

Многу врски не можат да се вратат во нормала откако едниот партнер ќе признае дека му ја нарушил приватноста на другиот.

Дури и ако партнерот навистина флертувал со некого, тоа што сте му го проверувале телефонот без дозвола ќе се покаже како поголем проблем.

Одовде, се разбира, ќе почнат и кавгите. Овој вид на недоверба ретко кој може да го прости, па вашата врска може настрада.

Се ставате во послаба положба

Кога едниот партнер го проверува другиот, во врската се создава нездрава динамика на моќ. Кога се чувствувате еднакво со партнерот, нема да посакате да ги проверувате неговите пораки.

Ќе си го живеете животот без да се грижите за она што го прават другите. Но доколку сте опседнати со она што го прави партнерот на телефонот, вие ја намалувате вашата моќ во врската.

zoshto-ne-treba-da-go-proveruvate-telefonot-na-vashiot-partner-03.jpg

Што да правите ако се сомневате во верноста на партнерот?

Доколку навистина имате причина да се сомневате во верноста на партнерот, но знаете дека нема да ви признае, можете да преземете други мерки наместо шпионирањето.

1. Размислете зошто би ве изневерувал. Неретко луѓето имаат проблеми со довербата кои се вкоренети уште од детството, или пак поради мината врска со неверен партнер.

Најчесто проблемот сте вие, а не она што го прави партнерот. Доколку навистина ви е тешко да му верувате на партнерот, можете да побарате и помош од терапевт што ќе ви помогне да ја откриете висинската причина за тоа.

2. Замолете го партнерот за поголема транспарентност во врска со комуникацијата со други. На некои партнери воопшто не им е проблем да ви кажат со кого се допишуваат.

Но има луѓе кои се позатворени и кои ќе се чувствуваат како да ги контролирате доколку го побарате ова од нив.

Доколку имате какви било сомнежи, објаснете му на партнерот на смирен начин, без да го напаѓате. Истовремено, оставете му и простор да ви објасни зошто се однесува така.

3. Понекогаш можеби е време за крај на врската. Доколку не можете да се убедите во верноста на партнерот, понекогаш е подобро да раскинете наместо да се мачите со вашата опсесија.

Довербата е столб на секоја врска, па доколку не постои во вашата, можеби и не ви е судено да бидете заедно.

zoshto-ne-treba-da-go-proveruvate-telefonot-na-vashiot-partner-003.jpeg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg