Пет причини ЗА љубовник

5-pricini-za-ljubovnik-povekjeВечната дилема продолжува. Да се има љубовник, или не? Што ќе добиете, а што ќе изгубите? Вреди ли да ризикувате и да се впуштите во ваква авантура?

 

Еве неколку причини ЗА:

5-pricini-za-ljubovnik

1.Ве разубавува. Неговите бакнежи, милувања, внимание, глас и самата помисла на него ви даваат сјај во очите. Тенот ви е поубав, а косата посјајна. Заљубеноста е најдобар лек против староста. На жените им помага да не бидат запуштени, со изгрицкани нокти, недепилирани нозе, да не грицкаат чипс додека гледаат телевизија. Такво нешто не и се случува на жена која има љубовник.

2.Дава енергија. Ве придвижува, колената ви клецаат додека го пиете првиот филџан кафе. Наутро би запеале во бањата, светот ви изгледа поубав, дури и дожливите денови. Заљубеноста е најдобра мотивација за учење, работа, комуникација, задоволство. Се полесно с еправи, дури и садовите побргу се мијат. Истовремената радост и грижа на совест го зголемуваат лачењето на адреналин. Таинствената љубов ви дава крила и сила за две срца.

3.Го подобрува бракот. Заљубената жена работи низ дома без поплаки. Дури умее да го израдува мажот со саботен појадок во кревет. Покрај тоа, сексуално е попосакувана. Му се радува на секој подарок кој и го дава сопругот, дури и на пегла. Не го кара зошто купил нов компјутер за големи пари со кој ќе се забавува додека таа не е тука. Зошто? Затоа што е среќна , но и затоа што нешто му должи. Рамнотежата на мамењето е нејзиното зголемено внимание. Кога по три месеци ќе ја напушти желбата за љубовникот, таа знае дека мажот ја чека дома.

4.Развива стратегија. Се мора да се испланира-ненадеен пат кај пријателка на која и се расипал телефонот, а нема мобилен. Мораат да се бришат сите пораки примени на меил, сите пораки од мобилниот телефон, како и неговите телефони под има „гинеколог“, „мајстор за ТВ“ и слично. Тајната љубов е како театарска престава-ако не сте добро подготвени, ќе пропадне. Не е ли тоа најдобар тренинг за развивање на стратегија и организацвија која се пренесува и на работа? Кој ќе ја преживее љубовната афера, се усовршил и на професионален план.

5. Инспирира. Вистинската љубов не се менува, ни кога се ќе и простиме, напишал Гете. Значи дозволено е да се има друг маж иако сите учителки на светот се против него.  Како би било да се појде на часови јога, или да се напише книга, да се научи некој странски јазик или пак да се наслика некој пејсаж? Љубовта открива нов свет, дури и нова кариера.

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg