Најсреќни се жените коишто немаат партнер, а науката го потврдува тоа

Кога станува збор за излегувањето и состанувањето со мажи, интелигентните жени се прилично пребирливи. Тие радо би биле сами, макар чекале подолго време да најдат некој што целосно им одговара, отколку да бидат во врска „без врска“, само колку да не бидат сингл.

Najsrekni-se-zenite-koisto-nemaat-partner-01.jpg

Истражувањето спроведено неодамна докажало дека сè поголем број на жени одлучуваат да бидат сингл, а причината е многу едноставна–така се чувствуваат посреќно.

Во нашето општество е прифатено мислењето дека да се биде без партнер е синоним за тага, депресија и осаменост, но тоа е прилично далеку од вистината.

Зошто е супер да бидеш сингл?

Имате повеќе време за себе

Жените коишто се во врски често пати се жалат дека немаат доволно време за себеси, покрај грижата за партнерот и децата. Кога сте сингл слободно може да уживате сами со себе, со пријателите, да ѝ се посветите на работата или на своето омилено хоби.

Не постои константен притисок да исполнувате нечии туѓи очекувања

Не морате да ги паметите сите датуми, да подготвувате специјални изненадувања за партнерот, секогаш да се трудите да изгледате совршено. Не морате постојано да воодушевувате некого, да се грижите за него и за неговото семејство.

Можноста да се фокусирате на кариерата е поголема

Жените генерално поради љубовта најчесто ја запоставуваат кариерата и им се посветуваат на семејството и партнерот. Балансирањето помеѓу кариерата и семејниот живот е многу тешко. Кога сте сингл не мора да се грижите во однос на ова прашање и без грижа на совест да постигнете неверојатни успеси на професионалното поле.

Не ви е гајле што мислат другите за вас

Кога сте сами и самостојни, сфаќате дека вие сте единствената личност којашто може да си суди сама на севе. Верувате во себе и престанувате да се грижите што мислат другите за вас. Не барате потврда и пофалби од нив, па логично е дека ќе се чувствувате многу посреќно.

Ќе ги зајакнете односите со луѓето околу вас

Кога сте во врска, најголем дел од времето го поминувате со партнерот, па затоа односите со пријателите и семејството трпат. Кога сте сингл можете да им се посветите повеќе на нив, да ги зајакнете односите и да формирате квалитетни врски и пријателства.

Патувате повеќе, а грижите ви се сведени на минимум

Да се биде сам значи да се биде силен. Кога сè мора да направите самите, тогаш вие сте си единствената поддршка и потпора. Станувате поснаодливи, посилни, посигурни во себе. Имате повеќе време за патувања, а грижите и стресот се многу помалку отколку во пар.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg