Опсесија или вистинска љубов - што ве тера постојано да зборувате за вашиот партнер?

Почетокот на секоја љубовна врска е возбудлив. Можеби ќе сакате да се искачите на највисокиот покрив во вашиот град и да викате на цел глас колку го сакате партнерот.

Opsesija ili vistinska ljubov sto ve tera postojano da zboruvate za vasiot partner 01

Но, можеби сте свесни дека партнерот ви станал единствената тема на разговори, па е природно да се запрашате дали е здраво постојано да се зборува за него? Експертите го имаат одговорот на ова прашање.

Споделувањето среќа со пријателите и семејството е една од најомилените работи во животот. Зборувањето за вашите чувства може да ви помогне да сфатите што да правите кога сте збунети од ситуацијата во која се наоѓате.

Барањето совети од најблиските личности или споделување искуства може да биде одличен начин да се поврзете повеќе.

Меѓутоа, ако не сте продуктивни на работа, затоа што размислувањето за партнерот ве спречува да ги завршите деловните задачи, или вашата врска стана единствената работа за која сакате да разговарате, време е да застанете.

Opsesija ili vistinska ljubov sto ve tera postojano da zboruvate za vasiot partner 02

Ако откриете дека трошите многу време зборувајќи за партнерот, што тоа почнува да влијае на вашата деловна активност, тогаш истото би можело да стане проблем. Зборувањето за партнерот е здраво, сé додека не се меша во вашето нормално, секојдневно функционирање.

Ако сакате да поминете што повеќе време со партнерот, уште на самиот почеток на врската - тоа е во ред. Сепак, по почетната фаза на вљубување, вашето однесување треба барем делумно да се промени.

На почетокот е тоа во ред, но подоцна може да почне да изгледа повеќе како опсесија отколку вистинска, зрела љубов. Едно е да се зборува многу за вашата љубов, а друго е целосно да ја насочите својата ментална енергија кон партнерот, исклучувајќи ги сите други.

Важно е вашиот љубовен живот да не ве одделува целосно од вашите интереси, хобија и социјалниот живот.

Opsesija-ili-vistinska-ljubov-sto-ve-tera-postojano-da-_zboruvate-za-vasiot-partner-03.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg