Како најлесно да зборувате со партнерот за секс, за да си го подобрите сексуалниот живот? (18+)

Партнерите можат да зборуваат за безброј работи, но кога ќе дојдат на темата секс, неретко се појавува непријатност. Следниве совети ќе ви помогнат да го надминете ова и да си го подобрите сексуалниот живот.

kako-najlesno-da-zboruvate-so-partnerot-so-seks-za-da-si-go-podobrite-seksualniot-zhivot-01.jpg

Повеќето парови разговорот за секс го доживуваат како незгоден и, во најлош случај, штетен.

Научете како да зборувате за секс со помош на овие четири чекори:

1. Потсетете се на убавите мигови

Кога решаваме проблеми, честопати се фокусираме на она што не е добро и бараме решение. Обидете се да го свртите фокусот.

Сетете се на сите заеднички, страсни моменти. Сетете се на што е можно повеќе детали за тоа што било добро и во коешто сте уживале.

Запрашајте се што ви се допаднало во тој момент, во што бил особено добар вашиот партнер. Ако се сетите на нешто лошо, запишете го на лист и ставете го настрана.

Пресудно е да не го доживувате овој разговор како критика.

Следниот чекор е да замислите каков би можел да биде сексот. Препуштете ѝ се на вашата фантазија и избегнувајте да се соочувате со потенцијалните проблеми, така што ќе бидете опуштени и креативни.

Влезете во што е можно повеќе детали. Конечно, размислете како да го добиете тоа што го сакате.

2. Идентификувајте ги своите блокади

Обидете се да се сетите кој прв ви зборувал за секс и како. Каков став имала оваа личност за тоа?

Размислете за заклучоците што сте ги донеле како млади. Ако сте жена, какви пораки добивте од мајка ви?

Ова е важно затоа што жените честопати се чувствуваат добро во сопствените тела доколку така се чувствувале и нивните мајки.

Ако сте маж, дали и какви митови за сексот сте слушнале од вашиот татко?

Конечно, зборувајте за сексот во рамките на културата во која живеете, од медиумите и сериите, до книгите и порнографијата.

Какво влијание има културата врз вашиот сексуален живот денес и дали може да објасни некои од вашите несигурности?

Ajde da zboruvame za seks Naucete kako da zboruvate za seks 03

3. Што значи сексот за вас?

Луѓето му придаваат различни значења на сексот. За некои тоа е начин на релаксирање и ослободување стресот. За некои тоа е израз на љубов и приврзаност кон партнерот.

За некои луѓе, сексот е центарот на нивниот живот, додека за другите тоа е нешто како убав бонус.

Нема точен одговор.

За секоја личност одговорот се менува, во зависност од некои фактори во животот. Проблемот е што повеќето парови сметаат дека нивниот партнер го доживува сексот на ист начин како нив.

За подобро да ги разберете меѓусебните ставови и очекувања од сексот, одговорете на следниве прашања заедно. Само кога ќе одговорите на сите прашања ќе можете да ги споредите одговорите:

  • Кога размислувате за љубовта, кои три зборови прво ви паѓаат на ум?
  • Кога размислувате за секс, кои три зборови прво ви паѓаат на ум?
  • Просечно, во еден месец, колку често сакате да имате секс?
  • Просечно, во еден месец, колку често мислите дека вашиот партнер сака да има секс?

4. Разговарајте за она што навистина го сакате

Сега сте подготвени да ја направите промената. Последниот чекор е да бидете специфични за тоа што навистина го сакате во сексот.

Честопати зборуваме општо и заради тоа може да бидеме погрешно разбрани, како да не сме кажале ништо.

Наместо само да кажете дека сакате подолга предигра, кажете колку долго, каде и како.

Исто така, наместо да кажете дека сакате партнерот да се труди повеќе, кажете конкретно дека, на пример, сакате да носи заводлива долна облека.

Секој чекор ќе ви помогне да го промените начинот на кој зборувате за сексот. Зборувањето за сексот не е лесно, но во повеќето случаи партнерите доаѓаат со повеќе сличности отколку разлики.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg