6 јасни знаци дека е прерано за заеднички живот

За многу парови, започнувањето заеднички живот е едноставен и логичен чекор. Ќе заштедите пари, ќе имате помош и друштво.

Razmisluvate za zaednicki zivot Ova se sest jasni indikacii deka e rano za toa 01

Додека за некои ова претставува единствен спас за врската, финансиите и слично.

Ако сте загрижени дека е можеби прерано да почнете да живеете заедно, ова се шест индикации кои ќе ги потврдат вашите сомнежи:

1. Го користите вселувањето како начин да ја процените јачината на вашата врска.

Овие големи чекори не треба да бидат нешто преку што ќе тестирате дали вашата врска е стабилна и успешна.

Заеднички живот е во нормални ситуации знак дека сте веќе во исклучително стабилна и успешна врска.

2. Сè уште не сте поминале низ првата голема расправија.

Иако делува романтично и како вистински чекор, сите врски што се долги само неколку месеци не треба да прераснат во заеднички живот.

Многу е можно дека во краток период од само неколку месеци не сте имале време да поминете низ одредени тестови и тешкотии што можат да се појават во една врска.

Овие работи се неопходни за да проверите кого имате покрај себе и дали е тоа некој со кого има смисла да започнете заеднички живот.

Треба да видите како ќе реагира вашиот партнер кога ќе се најдете во комплицирана ситуација. Ова е важен фактор за кој треба да размислувате.

Razmisluvate za zaednicki zivot Ova se sest jasni indikacii deka e rano za toa 02

3. Не сте разговарале за пари.

Иако овие разговори и не се многу привлечни, многу е важно да се зборува за пари и финансиски планови. Ако го игнорирате овој разговор ќе се најдете во ситуации во кои ќе се расправате за пари.

Треба да разговарате за тоа како ќе ги споделите вашите трошоци, колку заработувате и како ќе ги отплатите ратите и долговите што може да ги имате. Бидете отворени за вакви работи, затоа што ако не сте, тоа значи дека вашата врска не е доволно зрела и не сте подготвени за следниот чекор.

4. Некој од вас има цимер или дете кое не е воодушевено од вашата идеја.

Ако имате цимер или дете, не заборавајте да го прашате за мислење пред да го внесете партнерот во вашиот заеднички простор.

5. Мислите дека со тоа ќе можете да ги поправите и отстраните проблемите во врската.

Ако вашиот одговор е „да“, не сте во право. Кога врската е во криза, веројатно ќе ви треба сопствен простор, што сигурно нема да го добиете ако започнете да живеете заедно.

Razmisluvate za zaednicki zivot Ova se sest jasni indikacii deka e rano za toa 03

6. Конечно, партнерот ве притиска да започнете заеднички живот.

Ако интуицијата ви кажува дека ситуацијата не е идеална и дека не е време за ваков голем чекор, слушајте ја. Дури и ако вашиот партнер постојано ве убедува дека сè ќе биде добро, несигурноста не е добар знак.

Нормално е да имате мала трема, но ако вашето тело ви испраќа јасни знаци дека е рано или дека не сте подготвени, не се присилувајте. Верувајте им на вашите инстинкти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg